Така означена храна не смееме да јадеме?! (Одговор на ваши прашања од свештеникот)

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 7 Views

Имам прашање до свештеникот  кое не` стави во дилема. Некој свештеник во црква спомнал дека храна со посебен знак, ние христијаните не смееме никако да ја јадеме , зошто била пеена од оџа.

Ве молам, дали е ова точно, постои ли вакво нешто?

https://www.google.com/search?q=halal&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwis1-PetaXgAhWmgM4BHY0DBFoQ_AUIDigB&biw=1680&bih=908

&

Одговор од отец Горан Стојчевски:

Матеј 15 глава: 16А Исус им рече:

„Ама вие, уште ли не сфаќате?

17 Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку сто­ма­кот и се исфрлува надвор?

18   А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот;

19 зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули;

20 тоа го осквернува човекот.

Дела Апостолски 10 глава:

9  А утреден, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар излезе околу шестиот час, се качи на покривот на куќата, да се помоли.

10    Огладне и посака да јаде; и додека му приготвуваа јадење, тој имаше видение:

11    и виде отворено небо и некаков сад како големо платно да слегува и се спушта со своите четири краишта на земјата.

12 Во него беа сите четвороножни животни, и земни лазачи, и небесни птици.

13  И еден глас му рече: „Стани, Петре, заколи и јади!”

14  А Петар рече: „Никако, Господи, зашто уште никогаш не сум јал нешто погано и нечисто!”

15 И гласот повторно му се јави: „Она што Бог го очистил, ти не наречувај го погано!”

E, сега, ако сакаме да вадиме од свој памет  забрани, може да толкуваме вообичаено – криво!