ТИШИНАТА НА ДУШАТА – СТОЕЊЕ ПРЕД БОГА!  (“Пронајди ја вратата на внатрешната одаја од својата душа и ќе откриеш дека тоа се вратите од Царството Небесно”.

ТИШИНАТА НА ДУШАТА – СТОЕЊЕ ПРЕД БОГА! (“Пронајди ја вратата на внатрешната одаја од својата душа и ќе откриеш дека тоа се вратите од Царството Небесно”.

Кога доаѓаме да се молиме ние се надеваме дека ќе Го доживееме Бога како Некој, Кој е присутен, и дека нашата молитва ќе биде, ако не дијалог, барем говор кон Некого кој слуша.

Општо, се плашиме да не го почуствуваме присуството и да не добиеме впечаток дека зборуваме во празно, дека никој не не’ слуша, дека не одговара, дека е незаинтересиран. Но ова би било чисто субјективен впечаток; ако го споредиме нашето искуство на молитва co нашиот нормален, секојдневен, човечки контакт, ние знаеме дека никој не може да го слуша многу внимателно она што го кажуваме, а сепак можеме да почуствуваме дека нашите зборови се истурени на празно. Нашата молитва секогаш стигнува до Бога, но не секогаш е возвратена co чуство на радост или мир.

Кога зборуваме за стоење пред Бога, секогаш мислиме дека ние сме овде, а Бог таму, надвор од нас. Ако трагаме за Бога над, пред или околу нас, ќе Го најдеме. Св. Јован Златоуст рекол:

“Пронајди ја вратата на внатрешната одаја од својата душа, и ќе откриеш дека тоа се вратите од Царството Небесно”. Свети Ефрем Сирин вели дека Бог, кога го створил човекот, го ставил во неговиот најдлабок дел целото Царство, и дека проблемот на човечкиот живот е тоа што треба да се копа доволно длабоко, за да се наиде на скриеното богатство.

Според тоа, за да Го пронајдеме Бога, мораме да копаме во потрага по оваа внатрешна одаја, од она место, каде е присутно целото Царство Божјо, во самата наша срж, каде што Бог и ние можеме да се сретнеме.

Најдобро орудие, она кое ќе ги пробие сите препреки, е молитвата.

Проблем е да се моли внимателно, едноставно и искрено, без заменување на вистинскиот Бог co лажен бог, идол, продукт на нашата имагинација и без обид да имаме однапред створена престава за некое мистично искуство.

Концентрирајќи се на она што го велиме, верувајќи дека секој збор што ќе го изговориме доаѓа до Бога, можеме да употребиме наши сопствени зборови или зборови на поголеми луѓе, за да се изразиме подобро отколку што би можеле, што чуствуваме или што нејасно чуствуваме во нас.He се одлучувачки многуте зборови за Бог да не’ чуе, туку нивната веродостојност.

Кога користиме наши сопствени зборови, мораме да разговараме co Бога прецизно, не обидувајќи се да бидеме ниту кратки ниту долги, туку настојувајќи да бидеме вистински.

Постојат моменти кога молитвите се спонтани и лесни и моменти кога се чуствува како изворите да пресушиле. Ова е време кога треба да се употребат молитвите на другите луѓе, кои во основа го изразуваат она во што веруваме; сите оние нешта кои моментално стојат неоживени во срцето.

Тогаш е потребно да се молиме co двоен чин на вера, не само вера во Бога туку и во себе, полагајќи доверба во верата која е замаглена, наспроти тоа, што е дел од нас.

Постојат времиња кога не ни се потребни зборови за молитва, ниту наши, ниту туѓи и тогаш се молиме во совршена тишина. Оваа совршена тишина е идеална молитва, секако, ако таа тишина е вистинска, а не сонување на јаве.

Ние имаме многу малку искуство, што значи во тој поглед, длабока тишина на телото и душата, кога потполна смиреност ќе ја исполни душата, кога потполн мир ќе го исполни телото, кога не постои метеж или вознемиреност од било кој вид и кога стоиме пред Бога потполно отворени, во чинот на воодушевување.

Може да има и моменти кога се чуствуваме физички добро и ментално опуштени, уморни од зборови, зашто толку многу сме ги употребиле; не сакаме никакво пореметување и се чуствуваме среќни во оваа кревка рамнотежа; ова е граница на лизгање во сонување.

Внатрешната тишина е отсуство на било какво мешање на мисли или на емоции, тоа е потполна будност, отвореност кон Бога. Кога можеме, мораме да одржуваме потполна тишина, но никогаш да не дозволиме да се дегенерира во просто задоволство.

За да го спречиме ова, големите писатели во Православието не’ предупредуваат, никогаш потполно да не ги напуштаме вообичаените облици на молитва, зашто дури и оние кои ја достигнале ова контемплативна тишина наоѓаат дека е неопходно, секогаш кога биле во опасност, духовно да се отпуштат, повторно да ги воведат зборовите на молитвата, додека молитвата не ја обнови тишината.

Грчките оци ја поставиле ова тишина, кои тие ја нарекуваат исихиа, и како почетна точка и како конечно достигнување во молитвениот живот.

Тишината е состојба во која сите сили на душата и сите способности на телото се потполно смирени, тивки и собрани, совршено будни, а повторно слободни од секакви пречки и вознемирености. Во списите на многу Оци наоѓаме споредба co водата во рибникот.

Се’ додека постојат бранови на водата ништо не може да се одрази добро, ниту дрвјата, ниту небото; кога површината е сосема мирна, небото совршено се одразува, дрвјата на брегот и се’ друго е тука јасно, како во стварноста.

Уште едно споредување од ист вид, кое го користеле светите Оци, е тоа дека се’ додека мовта, која се наоѓа на дното од рибникот не слегне, водата не е бистра и низ неа ништо не може да се види.

Овие две аналогии се забележуваат и на страната од човековото срце.

“Блажени се чистите пo срце, зашто ќе го видат Бога” (Мт.5,eight).

Cе’ додека мовта се движи во водата, не може да биде јасна видливоста низ неа, и повторно, се’ додека водата е покриена co бранови, не може да се има прав одраз на она што го окружува рибникот.

Се’ додека душата не е мирна, не може да има никаква визија, но кога смиреноста ќе се доведе во присуството на Бога, тогаш другиот вид на тишина многу поапсолутно делува.

Тишината на душата, која не е само смирена и собрана, туку преплавена и co стравопочитување на Божјото присуство, во чинот на обожување; тишина, во која, како што бележи Јулијан од Норвич, молитвата ја соединува душата co Бога.

Пренесено од книгата “Жива молитва” од Антониј Блум

Подготви Мина Даниловска