Молитвата и заморот

„Кога ќе не’ пресени Божјата благодат, тогаш и молитвата ни е чиста. Треба да се молиш непрестајно, дури и кога си во кревет и кога спиеш.

Треба да се молиш и дење и ноќе”.

+ + +

„Колку и да си уморен, никогаш немој да пропуштиш да на кажеш вечерната молитва и пред спиење повечерје”.

+ + +

Ha еден брат му рекол:

„Кога си многу уморен од работа или од умна молитва, кажи само Трисвето. Доволно е”.

+ + +

Еден брат ми раскажуваше:

„Дојдов од провинција и бев многу уморен од работа и од патувањето и вечерта само изговорив Трисвето и заспав, без повечерје.

Утредента отидов во Поликлиниката да го видам Старецот. Веднаш ми рече:

„Е! Сношти изигруваше уморен, па не ја кажа молитвата за повечерје. Тоа не треба повеќе да ти се случува”.

Можете ли да замислите како се чувствував?

+++

Старецот ми ја стега главата:

Кога и да доаѓав кај него, Старецот и јас имавме посебен обичај. Јас без зборови му ја ставав главата на колена и умно се молев за него, за своето семејство и воопшто за сите нас и неколку минути останував во таа положба.

A тој, кога ќе дојдеше времето, co двете раце и епитрахилот на нив ja покриваше мојата глава, ја стегаше и неколку минути се молеше заедно co мене.

Тогаш често го чувствував неговото дишење и отчукувањата на неговото срце. Ако понекогаш имав главоболка или поради нешто друго не ми беше добро, се’ ми поминуваше, а кога ќе завршев и co исповедувањето, имав чувство дека сум добил најголем благослов.

Потоа, додека се враќав дома, ми се чинеше како некоја батерија да ми се наполнила co енергија и како да сум преполн co благослов.

Еднаш го прашав Старецот:

„Зошто co рацете така ми ја фаќаш главата?”

A тој ми одговори:

„Еве! Чедо мое, како ти што се молиш, се молам и јас и ја земам во рацете твојата душа да ја претставам на Христа и барам од Hero да те помилува, да ти помогне, да те просветли и да ти подари се’ што е неопходно и тебе и на твоето семејство”.

+++

Молитва и болест

„Немој да се молиш”, ми рече еднаш, „Бог да ги тргне од тебе разните болести, туку смири се во умна молитва и биди трпелив. Тоа многу користи”.

+ + +

„Немој да го молиш Бога да те ослободи од разни болести, ниту во молитвата да Го „мачиш” co тоа, туку трпи ги co многу трпеливост и воздржаност и ќе видиш колку ке ти користи тоа”.

+ + +

„Моли се и не очајувај”.

+ + +

„Моли се и биди трпелив”.

Еден брат ми го раскажа овој настан:

„Еднаш добив бубрежен напад и појдов во болница, зашто имав ужасни болки. Навратив некако до Старецот, a тој гледајќи ме како ги поднесувам тешките болки ми рече:

„Немој да се молиш на Бога да те ослободи од болките и каменот сам ќе ти излезе по еден месец”. Па повтори уште еднаш:

„Ке ти излезе каменот по еден месец, но не барај од Бога да те ослободи од болките”.

Останав 15 дена во болница и бубрегот пак почна ужасно да ме боли. Извесно време трпев, а потоа не можев повеќе да издржам и реков:

„О, Боже мој, имам ужасни болки, Те молам, смали ми ја само малку таа ужасна болка”. Болката веднаш престана.

Старецот ме побара по телефон и ми рече:

„Нели ти реков да не бараш од Бога да те ослободи од болките?” Јас ништо не му кажав за тоа. „Сега каменот ќе ти излезе дури по еден месец”.

Потоа излегов од болница. Повторно зедов боледување и се вратив во болницата. По вторите 15 дена поминати во болница, се вратив дома. Но, повторно ме фатија болки, па отидов на испитување и повторно ме сместија во болница. Повторно чекав 15 дена, но каменот не излезе.

Повторно ми дадоа 15 дена боледување. Помина точно еден месец откако ми рече Старецот, па отидов кај него.

Кај него беше неговата сестра која сакаше да ја однесам co автомобилот на болница. Додека заминував co сестра му, старецот ме благослови и ми рече:

„Ајде, оди, па ќе ти излезе тој камен од бубрегот”.

Тој ден се навршуваше точно еден месец откако Старецот ми рече дека каменот ќе ми излезе за еден месец. Откако ја однесов неговата сестра на лекар, се вратив дома и каменот ми излезе”.

Ете што се случува кога човек не им е послушен на светите! Се’ се менува.

+++

Кога еден болен човек не видел подобрување на својата болест пo многубројните молитви на неговото семејство, терапијата ја продолжил co многуте лекови кои му ги дадоа лекарите. Старецот ми рече:

„Тој, чедо мое, мора да ги зема сите лекови кои му го дале лекарите и ќе оздрави, зашто така сака Христос”.

Молитва, а никако љубопитност

„Влезе еднаш”, ми кажува Старецот, „еден човек в црква и наместо да се помоли и да побара помош од Бога за своите проблеми, почнал да ги загледува куполата, ѕидовите и останатото во црквата, се’ само не она што сериозно го преокупирало”.

Пренесено од книгата “Срце за целиот свет” од старец Пајсиј, старец Порфириј и старец Тихон