Треба да вложиме во сега и овде! (Дедо Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 31 seconds


Дејствување СЕГА и ОВДЕ

Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот.

На пример, подобри услови за молитва.
Или, чекаме работите во нашиот живот да станат поедноставни и полесни, па да преземеме нешто, во правец на негово подобрување.

Или, чекаме да ни помине мрзата, па да почнеме да работиме на нешто.

Како Бог да не знае што нам точно ни треба, па сега ние тоа го немаме. Не, сѐ што треба ни дал, наше е само да ја исполнуваме Неговата волја, во послушание.

Важно, тоа што го чекаме никогаш нема да дојде ако веднаш не смениме нешто на подобро. Барем, ние сигурно нема да бидеме поподготвени.

Треба да вложиме во сега и овде, пред сѐ, во себеси, за да се случи некоја промена кон подобро во иднина, а не да чекаме пасивно некоја подобра иднина, за тогаш да направиме нешто со себеси.

Значи, еден од најголемите проблеми на модерниот човек, а кој истовремено е и најмалку освестен, е замислениот и очекуваниот, па дури и пророкуваниот живот таму и некогаш, наместо конкретниот живот овде и сега.

Важно е и тоа таму и некогаш, доколку припаѓа на она што обично го нарекуваме план, визија, цел, мотив; но тоа е неостварливо, па дури и повод за очајание, ако не успееме во она што се нарекува живот овде и сега.

Само восогласениот начин на живот со степенот на духовниот развој, како и со нашето реално место во Црквата, претставува православен духовен живот овде и сега.

Само така можеме да живееме во мир и покајание и да бидеме радосни.

Сѐ друго е гордоста, темнината, стравот и немирот на таму и некогаш.

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн…

Има и друго актуелно за зборување, ама не спаѓа во животот сега и овде. Да, спаѓа во она што би било – кога би било, таму и некогаш…

Едноставно, животот сега и овде е живот во Богочовекот Христос, кој во себе ја содржи и иднината – останатото време, христијанскиот крај и Царството Небесно.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Наум

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/30/30579/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Како да станеме богати до синовство (06.12.2020)

Митрополит Струмички Наум:Како да станеме богати до синовство (06.12.2020 12:40) „На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи: ’Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои‘. Па рече: ’Вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

  Отец Гаврил, од Лесновскиот манастир, беше голема утеха за малкуте вистински христијански заедници (христијани со свој духовен отец, со правило за духовен подвиг, кои редовно постеа, се исповедаа и се причестуваа), кои во тоа време, од 1983 до 1987 година (годините што ги поминавме заедно), в...

Image Description
3 years ago

Куќа без темели – Митрополит Наум

Куќа без темели (21.10.2020 16:35) И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темел...