(анегдота)

Редица во пеколот. Кај ѓаволот доаѓа еден маж.

– Ајде, пофалете се, зошто сте овде? – прашува ѓаволот.

– Поима немам. Практично, јас сум безгрешен!

– Пиевте?

– Само на празници.

– Крадевте?

– Не, па како е тоа можно?

– Можеби… вршевте прељуба?

– Генерално, јас сум верник, сите заповеди ги почитував, и не сфаќам зошто сум тука.

Ѓаволот ги крева рамењата.

Одеднаш мажот презриво се насмевна.

– А кај вас, изгледа, котлите неправилно се поставени. И температурата е повисока од дозволеното. Знам, сум читал за тоа.  И што е со вашиот десен рог, зошто тој е затупавен? Безобразлук. Вие не сте како и сите други.

А на ѓаволот од радост му заигра опашката.

– Мислам дека сфатив. Вие сте интернет-трол? Пишувавте гнасотии по форумите, без да ве прашаат, ги учевте другите како да живеат?

– Па сите луѓе се глупави, јас им ги отворав очите.

– Се разбира. Вие сте на вистинското место. За вас е подготвено најстрашното место во пеколот. Вие постојано ќе седите на интернет. Но во самотија. Самите на себе ќе си коментирате и ќе се учите како да живеете. Примете го моето сочувство… Следниот!