Црковните обреди

Црковните обреди

Црковните обреди

84703ЦРКОВНИТЕ ОБРЕДИ

Ладното, површно служење на Бог, измешано со служење на страстите, исповедување на Бог со уста, без исповедување со дејство и скриен живот на срцето, со исполнување на само некои надворешни црковни обреди и одредби, се смета за правилно (законско) и душепогубно лицемерство. Лицемери,- така Спасителот на светот ги разобличувал оние, кои ги занемарувале Божјите заповеди и до ситници се држеле до преданието на старите, почитувајќи ги повеќе од заповедите -„Лицемери, добро пророкувал за вас Исаиј, велејќи: ‘Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби’“ (Матеј 15: 7-9). Црковните обреди се многу корисни и потребни, како за секој христијанин, така и за христијанското општество, бидејќи даваат ред и правила за однесување; редот и правилата придонесуваат за благочестив живот: но заповедите треба да ја претставуваат душата на секој христијанин и на христијанското општество. Спасителот на светот им го дал потребното место и заслужената вредност и на отечките преданија и на Божјите заповеди. Ова, т.е. преданијата на отците, требаше да го правите – рекол Он – а и она да не го оставате, т.е. Божјите заповеди (Матеј 23: 23). Од чувањето на црковните одредби, исполнувањето на заповедите станува особено лесно, а животот според заповедите го чува точното чување на црковните одредби од суета, лицемерство и телесно мудрување. Божјиот закон е духовен (Рим. 7: 14); евангелските заповеди се Дух и живот (Јован 6: 63). Но, бидејќи човекот се состои од душа и од тело, се покажала потреба за надворешни обреди и одредби. Тие се соединети со духот на законот. Оној, кој се задоволува само со исполнување на црковните одредби и обреди, а не обрнува внимание на евангелските заповеди, или недоволно внимава на нив, со својата ограниченост го турка законот од висината на неговото духовно значење и му го одзема, за себе, неговото духовно достоинство и целата негова суштина, пропаѓајќи во своето телесно мудрување (Рим. 8: 6).

Кога христијанинот го насочува целото свое внимание на надворешните одредби, тој задолжително ја занемарува суштинската работа за христијанството – исчистувањето на внатрешните садови, лишувајќи се од целокупното духовно напредување и вистинско познавање на Христа, што произлегува од тоа напредување, т.е. се оддалечува од вистинското христијанство. Кога пак, христијанинот е ладен кон верата и нејзините надворешни обреди ги извршува со невнимание, се оддалечува со тоа од Бог, Кој сака неговите служители да Му служат со страв и трепет – и станува безбожник и еретик.

Advertisements