Цветници во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Цветници во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Цветници во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 01. 04. 2018 година, кога Светата Црква го празнува празникот Влегувањето Христово во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Свето евангелие според Јован

12:1-18

  1. На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите.
  2. Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата.
  3. А Марија, како зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови, и ги избриша со косата своја нозете Негови; и куќата се исполни со мирис од мирото.
  4. Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариот, кој што подоцна Го предаде, рече:
  5. Зошто не се продаде ова миро за триста динарии, и да се раздадеше на сиромаси?
  6. Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она, што пуштаа во него.
  7. А Исус рече: „Оставете ја! Таа го запазила тоа за денот на Моето погребение;
  8. оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.”
  9. Мнозина од Јудејците разбраа дека е Исус таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого Он го воскресна од мртвите.
  10. А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазара,
  11. зашто мнозина од Јудејците се одделуваа поради него и веруваа во Исуса.
  12. На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја деда Исус доаѓа во Ерусалим,
  13. зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и викаа, велејќи: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!”
  14. А Исус, кога најде едно осле, седна на него, како што е напишано:
  15. »Не бој се, ќерко Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на осле.«
  16. Но ова учениците Негови не го разбраа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него, е дека тоа Му го направија.
  17. Народот, што беше со Него кога го извика Он Лазара од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше.
  18. Затоа и Го пречека народот, оти беше чул дека тоа чудо Он го направи.