Цветници во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

Цветници во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

Цветници во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

Не бој се, ќерко Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на осле.

На 01. 04. 2018 година, кога Светата Црква го празнува празникот Влегување Христово во Ерусалим – Цветници, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

„Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен е и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата”

(Захариј 9, 9)