Цветници во Виница

Цветници во Виница

Цветници во Виница

image

Цветници во Виница

На 01. 04. 2018 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, отслужи Света Архиерејска Златоустова Литургија во храмот „Св. ап. и еванг. Лука“ во Виница, во присуство на многуброен верен народ а во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одража пригодно содражајно слово.

На Светата Литургија присуствуваше Градоначалникот на Општина Виница г. Ивица Димитров и г. Горан Ангелов од Виница, ктитор и донатор на многу цркви во Брегалничката епархија и храмот „Св. ап. и еванг. Лука“ во Виница.