УЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА HA ПОСЛУШАНИЕ!  (Сакате ли вашите деца да бидат послушни?)

УЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА HA ПОСЛУШАНИЕ! (Сакате ли вашите деца да бидат послушни?)

УЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА HA ПОСЛУШАНИЕ

Епископ Иринеј Екатеринбуршки и Сибирски

Послушанието е сржта на потчинувањето на сопствената волја кон другиот. Но, за да ја потчинам мојата волја кон другиот, мора да ја почитувам таа личност. Ако го слушам некого, потребно е да го љубам.

Затоа, родители, треба да се однесувате кон своите деца на начин за да ве почитуваат; бидејќи почитувањето е предуслов за послушание.

Детето природно чувствува особена почит кон неговите родители. Петтата заповед го подржува ова природно чувство. Меѓутоа, што се случува кога детето гледа нешто во неговите родители што провоцира одвратност и одбивност во неговите чувства, кога не е способно да ги почитува нив колку и да сака?

Како детето ќе го почитува својот татко ако тој е постојано во алкохолизирана состојба или својата мајка која навредува и проколнува или родители кои постојано се расправаат?

Кога родителите даваат лош пример, не само што го разнишуваат детското и почитување кон нив, туку ги поткопуваат и основите за послушание.

Нема ли детето да помисли: „Какви родители сте вие?”

Затоа родителите треба да внимаваат на своето однесување и да избегнуваат се’ што ќе го намали почитувањето кон нив. Погрижете се да не се омаловажувате еден co друг, бидејќи на тој начин го нарушувате однесувањето на децата кон вас.

Таткото и мајката треба да имаат меѓусебна почит. Тие не смеат да си дозволат недолични разговори, особено пред децата. He дозволувајте тие да чујат изрази од овој тип:

“Секогаш лажеш, исто како татко ти,”

“Кога ќе пораснеш ќе бидеш бескорисен како татко ти,” или

“Ти си расипан како мајка ти,” „Ти си мрзелив како мајка ти.”

Кога децата ќе чујат вакви зборови, залудно е да барате од нив почит и послушание.

Освен тоа, не дозволувајте си незгодни шеги и игри co децата. Таткото кој по навика изигрува кловн пред децата, не може да очекува да го почитуваат, ниту пак тој има некакво право да се пожали за нивното однесување.

Тоа не значи дека секогаш треба да бидете сериозни и строги co нив. Секој може да направи разлика помеѓу благата, нежна и привлечна моќ на родителите и лудото кловнување, кое го намалува нивниот авторитет.

Децата секогаш ќе чувствуваат најголема почит кон трезвениот и возљубен татко. Еден поглед е доволен за нив, па веднаш да го послушаат.

Сакате ли вашите деца да бидат послушни?

Покажете им ја вашата љубов. He љубов која ќе ги направи попустливи; која ќе ги задоволи сите нивни барања, туку разумна и искрена љубов; која е душеполезна. Кога детето ќе почувствува таква љубов, тоа ќе биде послушно не од страв, туку од почит.

He бидете рамнодушни кон детската радост и тага! Никогаш не говорете дека децата ви се товар и измачување. He покажувајте дека секоја жртва од ваша страна за детската среќа е голема и тешка.

Секогаш, co волја и co радост, давајте им го на децата она што ќе ви го побараат. Како може малото дете да негодува кога му се дава парче леб? Понекогаш давајте им на децата мало задоволство. Мал подарок на некој празник или на неговиот именден, кога се дава co лубов, ја зајакнува детската љубов.

Привлечете го детското срце кон вас: создадете отворен и доверлив однос co нив.

Сомнежот и недовербата ја убиваат љубовта. He зголемувајте ја пристојната казна co презрив потсмев или co остар прекор. Една таква случка ќе го стврдне детското срце и ќе изгасне секаква трага од љубовта.

Овие се основните принципи кои треба совесно да ги применувате за да ги учите вашите деца на послушание. Најпрво, привикнете ги да ве слушаат, бидејќи тоа е Божја волја.

Грижете се навреме да не се закорени каприциозноста во нив. He допуштајте ја нивната своеглавост или дрскост кон другите. He давајте им се’ што ќе посакаат. Навикнете ги на самоконтрола и на умереност.

Секогаш барајте од вашите деца да ги извршуваат правилно и навремено работите.

Бидете постојани – само еднаш посочете им. Ho, за да ви бидат послушни вашите деца, никогаш не велете им да прават нешто што не можат, односно нешто што јa надминува нивната способност.

He бидете каприциозни или своеволни во вашите барања, дозволувајќи им го денес она што сте им го забраниле вчера. He спротивставувајте се меѓусебно во работи поврзани co децата. Грижете се да ја задржите почитта од децата и избегнувајте се’ што ќе ја разниша.

Најпосле, не заборавајте да го повикате Божјиот благослов кога ги воспитувате вашите деца. Тогаш вашите труд, борба и интерес ќе бидат крунисани co успех. Co Божја помош, вашите деца ке се научат на послушание.

Превод од англиски: Александар Божиноски

Пренесено од списанието “Православен пат” Број 37, 2015