На 28.08.2018 година, кога Црквата го прославува Успението на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата беше осветена манастирската костурница.