Title : Успешна донаторска акција за комплетирање на Парохискиот културен центар во Сиденхам

Успешна донаторска акција за комплетирање на Парохискиот културен центар во Сиденхам

Example User · 1 month ago

На 29 август 2020 г., на црковната сметка за изградба на Парохискиот културен центар при Соборната црква во Сиденхам, пристигнаа паричните средства собрани од донаторската акција „Completion of the Sydenham Church Hall“ организирана на празникот Илинден од Горан Ристевски – Dj Mangal.

На илинденската донаторска акција, дарителите македонци од Мелбурн и Викторија, но и од другите Австралиски држави, донираа $31,972.

Донираните средства ќе се употребат за набавка и инсталација на систем за ладење и греење во Парохискиот културен центар во Сиденхам.

Голема благодарност кон организаторот на акцијата г-дин Горан Ристевски (Dj Mangal) и кон сите што со своите донации ја поддржаа акцијата.

Господ да ви дарува духовни и вечни дарови!

Од Канцеларијата на Австралиско-новозеландската епархија

Source: https://www.mocdanz.org.au/mk_MK/%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%

Related Posts

Image Description
1 month ago

Поглаварот на Коптската Црква го критикуваше претседателот на Египет

ПОГЛАВАРОТ НА КОПТСКАТА ЦРКВА ГО КРИТИКУВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕГИПЕТ Поглаварот на Коптската Црква, патријархот Тавадрос II, го критикуваше претседателот на Египет Мухамед Мурси за неспособноста на државата да го заштити христијанското малцинство во државата, соопштува Седмица.ru. Коптскиот лидер из...

Image Description
1 month ago

Ново издание на нашата Епархија

НОВО ИЗДАНИЕ НА НАШАТА ЕПАРХИЈА Со Благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Петар, излезе од печат книгата „Историја на Плетварско-беловодичката парохија при Прилепското архиерејско намесништво – Преспанско-пелагониска епархија“. Книгата претставува историски осврт на животот и фунци...

Image Description
1 month ago

Саентолошката секта регистрирана и во Македонија

САЕНТОЛОШКАТА ТОТАЛИТАРНА СЕКТА РЕГИСТРИРАНА И ВО МАКЕДОНИЈА, И ТОА КАКО ЦРКВА Со одлука на Основниот суд Скопје 2, од пред некој ден во Македонија е регистрирана саентолошката тоталитарна секта како црква. Со регистрацијата, саентолошката секта е вметната во Регистарот на религиозни заедници и верс...