Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи.

 

На 06. 04. 2018 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот презвитерот Владо Недески отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.