Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

 Кога беше положен во нов гроб заради сите, Избавителу на сите, смешниот ад, кога Те виде, се исплаши, резињата се скршија, вратите се распадна, гробовите се отворија, мртвите станаа. Тогаш Адам благодарствено радувајќи се, Ти викаше: Слава Му на Твоето снисходење, Човекољупче

На 06. 04. 2018 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети вмч Димитриј“ во Волонгонг, старешината на храмот презвитерот Роберт Илијевски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.

По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.