Велика сабота во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Велика сабота во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Велика сабота во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

„Воскресни Боже, суди ѝ  на земјата, зашто Ти владееш над сите народи“

 

На 07. 04. 2018 година, во Светата и Велика сабота од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува и за Благовештението на Пресвета Богородица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот презвитерот Владо Недески отслужи Света Василиева литургија.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.