Видението на свети Нифонт на Светата Литургија

Example User · 3 years ago

    5 minutes, 57 seconds


4558ВИДЕНИЕТО НА СВЕТИ НИФОНТ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА

Пријател на ангелите

Едно утро отидовме да отслужиме Литургија во храмот на Св. Никола, кој се наоѓа покрај Палатата на изобилието, како што ја нарекуваа.

Стигнавме пред да почне службата. Но праведникот почна да се моли на Господа, завлекувајќи се во еден ќош. Бргу потона во таинствено созерцание. (Овде ќе спомнам дека ако се молеше, а јасно не го гледаше Господа, таквата молитва ја сметаше за изгубено време).

Многу подоцна, слушнав како разговара со некого. Се изненадив, бидејќи знаев дека се уште никој нема во црквата. Во еден момент разговорот престана и малку потоа замислен, седна во својата стасида. Сакав да го запрашам со кого разговараше. но во меѓувреме почна Божествената Литургија. Додека собраниот народ пееше, преподобниот отец стоеше право, со погледот упорно прикован за светиот жртвеник. Блескаше од радост и ведрина. Погледот му се измени. Ликот му беше блескав и румен како свежа ружа.

За време на Големиот Вход, светителот со копнеж ги подаде рацете кон светињата и изгледаше како да се моли потресно собрано. Срцето силно му чукаше, готово да препукне. Преплавен со благодатта на Духот и привлечен од божествениот ерос, тој копнееше да потрча по даровите, да падне на нив и да ги целива…Но, за да не соблазни некого, а и од почит кон редот, го воздржуваше својот боговдахновен порив и остана на своето место славејќи го Бога.

Заминувајќи по отпустот од црквата, го замолив да ми открие со кого разговараше утрото и какво видение имаше. А тој, како чедољубив отец, ништо не ми сокри. Затоа и јас сега запишувам се што слушнав за да се прослави името Божјо и да се зарадуваат сите што се надеваат на Него. Во црквата, блажениот разговарал со ангел! Тоа бил ангелот кој го чува светиот жртвеник. Тој во еден момент ме се јавил на светиот и му рекол: – Одамна сакав да ја сретнам твојата прославеност! Толку многу го молев Бога да дојдеш некој пат ваму да се помолиш за да те запознаам и да уживам во твојата молитва.

Светителот му одговорил:

– Добро, од каде знаеш за мене, најбожествен? И зошто толку сакаше да ме сретнеш мене, старев изгниен од гревови?

– Да, всушност затоа толку многу копнее – да го запознаам твоето смирение. Бидејќи слушнав на небото како Господ ти го даде со Сопствената рака.

– Вистина ти зборувам, сакан слуго Божји – му одговорил ангелот, ведро насмевнувајќи се. – Лукавства во мене нема. Слушни: кога и да одам на небесниот жртвеник да пренесам молитви и приноси христијански, од овој земен жртвеник ми допира до ушите она што другите ангели го зборуваат за тебе – дека Нифонт Му угодил на Вишниот, бидејќи со своето длабоко смирение демоните ги сотира во прав и пепел, дека се сеќава во своите молитви на небесните сили и дека за тоа Господ му заповедал на секој ангел непрестајно да го спомнуваат… идруго слично на тоа. Ете зошто толку многу сакав да те запознаам. Исега Му благодарам на Бога што ми ја исполни желбата…

– Но тоа не е можно, блескав светилнику небесен! Мора да се случила некоја грешка… Тоа што ми го велиш дека си го слушнал мора за некој друг Нифонт да зборувале ангелите. За мене важи само оваа вистина – дека никакво добро не см направил.

Изненаден и трогнат од неговото бескрајно смирение, ангелот исчезнал, не кажувајќи му нити збор. Светирелот се наведна и се поклони на местото каде што стоеше ангелот. А потоа потона во размислување.

– Пази се, несреќен Нифонте! – помисли тој. – Дури и да ти е борбата добра, подвигот достоен за пофалба и да е сладок плодот на твоите напори, ти сепак личиш на трговски брод исполнет со секакво зло, кој плови по длабокото море. Но дали ќе стигнеш до пристаништето каде што ќе го сретнеш Христа, или ќе доживееш бродолом и трупотќе ти се покаже залуден? И што ќе биде тогаш? О, каква несреќа! Или замисли си дека си нива засеана, полна со класје. Но којзнае дали ќе издржиш до жетвата? Или птиците и дивите животни ќе го изобат твоето класје, а пожарот ќе ја изгори сламата што ќе остане.
Таквото размислување го доведе до скрушеност и тој се смири уште повеќе. Тоа беше оној момент кога садеше во својата стасида, како што веќе спомнав, малку пред да почне Божествената Литургија.

Ангели сослужители

Потоа го прашав што виде кога почна Божествената Литургуја. Тој ми рече, штом служителот рекол:

Благословено е Царството, видел оган како слегуваод небото и го покрива жртвеникот и свештеникот, а дека тој ништо не почувствувал.

Подоцна, кога народот почнал да ја пее Трисветата песна, четири ангели слегле и пееле заедно со нив. При читањето на Апостолот се појавил блажениот Павле да го упатува чтецот. На Алилуја, по завршувањето на Апостолот, соединетите гласови на народот се вознесувале на небото како некоја огнена, цврсто исплетенабројаница. А на Евангелието, зборовите излегувале еден по еден како пламен од устата на свештеникот и се вознесувале на небесата.

Малку пред Входот на чесните дарови, светителот одненадеж видел како небото се отвота и од него се излива некое неискажливо и неземно благоухание. Ангелите слегувале од висините, пеејќи химни и славословејќи го Јагнето, Помазаникот и Синот Божји. И тогаш се појавил пречистиот и мил Младенец! На рацете Го држеле ангели, кои Го донеле и Го положиле на светиот дискус, на кој се наоѓале чесните дарови. Околу Него се собрале во бело облечени пресветли момчиња кои со восхитување и трепет ја набљудувале Неговата божествена убавина.

Дошол и часот на Големиот Вход. Служителот се приближил да ги земе во рацете светиот дискус и светиот путир, ги подигнал и ги положил на својата глава, подигајќи го заедно со нив и Детето. Штом светињата излегла, и додека народот со умиление пеел, светителот ги видел ангелите како летајќи со крилјата над главата на служителот, како два Херувима и два Серафима одат пред него, а безброј други ангели го опкружуваат, пеејќи со радост неискажливо славословие.

Божественото тајновидство продолжило. Народот изговорил “Верувам”, и дошол моментот на осветувањето на чесните дарови. Служителот ги благословил и рекол: … Претворајќи ги со Светиот Твој Дух. Амин, амин, амин. Тогаш праведникот видел ангел како го подига мечот и го коли Млчаденецот. Неговата Крв го полнела светиот путир, додека Божественото Тело го расекол и го сместил на дискосот. Потоа повторно се повлекол на своето место и застанал скромно и побожно. Кога служителот го подигнал Светиот Леб, повикувајќи: Светињата на светиите, народот пеел: Еден е Свет, Еден е Господ…, некој од собраните се свртел и тивко го запрашал светителот:

– Зошто, оче, свештеникот вели: Светињата на светиите?

– За сите нас тој тоа го вели, дете мое. Тоа значи: кон светите христови тајни нека пристапи оној кој е свет!

А другиот брат, кој бил неук, го запрашал:

– А што е светост, оче?

– Тоа значи следното… Ако си развратен, немој да се осудуваш да станеш учесник на големите тајни. Ако си во непријателство со кој било, не пристапувај. Ако исмеваш или пцуеш и го осудуваш својот ближен, стој подалеку од Божествената причест.

Во тој момент веќе служителот рекол: … Пристапете!

Тогаш светителот ги набљудувал оние што се причестувале. Лицата на некои поцрнувале штом ќе ги  примеле Божествените Тајни. А лицата на другите блескале како сонцето! Блажениот почнал да воздивнува и да врти со главата… Ангелите стоеле покрај путирот и со почит го следеле причестувањето. Кога се причестувал некој благочестив, тие на главата му полагале венец. А кога, напротив, му приоѓал некој грешник, тие ја свртувале главата со очигледното гнасење. тогаш непорочните тајни како да исчезнувале од светата лажичка, така што изгледало како грешникот да не ги примаво себе Телото и Крвта Христова. Со Божја осуда изобразен по лицето, тој заминувал поцрнет!

Кога Литургијата завршила и свештеникот го изговорил отпустот, повторно се појавил Младенецот на рацете на светите ангели и како покривот на рамот да се разделил на половина. Оттаму ангелите го изнесле Детето на небесата со химни и славословење, додека чудесното благоухание се уште се излевало наоколу.

Тоа било она што праведникот го видел во црквата и тоа што ми го раскажа по патот, додека се враќавме во нашата ќелија.

Бог навистина му откри многу тајни, кои ако се запишуваат поединечно, како што вели Евангелието, не би можеле да се сместатво целиот свет напишаните книги (Јн 21,25).

Извадок од книгата “Свети Нифонт – подвижник меѓу епископите”

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2013/09/25/videnieto-na-sveti-nifont-na-svetata-liturgija/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Размислувања за Православното богослужење во современиот свет

РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ПРАВОСЛАВНОТО БОГОСЛУЖЕЊЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ Самиот збор „богослужење“ едноставно и јасно ни говори сам за себе: тоа е служење на Бога. А служењето на Бога секогаш било доволно тешко дело. Да се потсетиме на Адам. Уште кога се наоѓал во рајот и кога сеуште не бил паднат под товарот...

Image Description
3 years ago

За значењето на молитвата: „За соединувањето на црквите“

ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ЦРКОВНАТА МОЛИТВА: „ЗА СОЕДИНУВАЊЕТО НА ЦРКВИТЕ“ Во почетокот на божествената Литургија, меѓу првите молитвени прозби кон Господа Бога, Православната Црква го произнесува следниов возглас: „За мир во целиот свет, благосостојба на светите Божји цркви и за соединување на сите, да се по...

Image Description
3 years ago

Осветување на нови антиминси во нашата епархија

ОСВЕТУВАЊЕ НОВИ АНТИМИНСИ ВО НАШАТА ЕПАРХИЈА Што е тоа антиминс? (Значење, историја и примена) Во црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на светиот Престол во Олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. Н...