ВНАТРЕШНА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА

„Свети Григориј Синаит пишува за ова духовно свештенство, кое претставува суштинска основа и за светотаинското свештенство, бидејќи меѓу верниците тие се, оние кои се изцелени и поседуваат умносрдечна молитва, избрани да ја примат посебната благодат на свештенството.

Според Свети Григориј, „умната молитва е таинствена (мистична),  свештенодејствување на умот”.

Карактеристични се неговите зборови:

„почетокот на умносрдечната молитва е дејство (енергија) односно очистувачка сила на духот и мистично свештенодејствување на умот” (добротољубие, four том, стр.51).

Човекот кој поседува дар на умносрдечната молитва чувствува во себеси очистување, просветлување и обожување на благодатта што делува.

Тоа е внатрешно свештенодејствување и внатрешна Божествена Литургија.

Сите оние, кои ќе ја достигнат таа состојба се свештеници. „Вистинското свештенство и свештенството на идниот век е срцето ослободено од помисли кое што дејствува по духот и се` што ќе се каже или направи од тоа срце е духовно”
(исто , стр 31).“

Зборовите на овој свет Отец ме потсетуваат да кажам дека духовното свештенство е она, кое што ќе се оствари во идниот век, во Царството Небесно.

Немајќи намера да се задржуваме на теми од неизбришливото или не-светотаинското свештенство, ја истакнуваме вистината дека светотаинственото свештенство постои заради народот, за да му служи на неговите потреби, додека духовното свештенство е она свештенство кое во идниот живот ќе продолжи да му служи на небесниот жртвеник.

Сите, кои го поседуваат ова духовно свештенство претставени се како „вистинско свештенство”, „од сега и до века”.

Кога ќе се открие човековиот ум, кога ќе се ослободи од робувањето, и кога ќе се прифати делувањето на Светиот Дух, тогаш тоа се нарекува „духовно свештенство”.

Човекот во светилиштето на своето срце служи мистична литургија и постанува причестен со Агнецот во заветите со Бога. Во тоа духовно свештенослужение, тој на духовниот олтар на својата душа го јади јагнето Божјо додека во исто време и сам се уподобува на Јагнето.

На тој начин добро разбираме дека, кога во нас делува умносрдечната молитва, тогаш се врши и непрестана Божествена Литургија која го поткрепува целото наше битие.

Свети Григориј Синаит пишува:

„духовната литургија е внатрешно делување на умот.

Како залог кој му претходи на идното, надумно насладување, оваа литургија ја служи умот, така што на олтарот на душата таинствено се жртвува Јагнето Божјо и станува Причест…

Митрополит Јеротеј Влахос

&