118733.pВО ПАРИЗ СЕ ОДРЖА ПРОТЕСТЕН МИТИНГ

На 2 јуни оваа година, во Париз се оджа протестен митинг. На плоштадот Трокадеро, кој е познат и под името Плоштад за заштита на човечките права, христијаните од повеќе националности, кои живеат во франција, барале ослободување на двајцата заробени епископи во Сирија, известува сајтот „Седмица“, повикувајќи се на Archevêché Orthodoxe Antiochien d’Europe.

Во провинцијата Алепо, на 24 април 2013 година, бунтовниците ги заробиле Алепскиот митрополит Павле (Јазига) од Антиохиската Православна Црква и епископот Марко Григориј Јухану Ибрахим од Сиро-Јаковитската Црква. До денес нема никакви информации каде се епископите.

Advertisements

Повеќе ...