Во животот на Пречистата Дева Богородица и во нејзиното Успение ние го наоѓаме одговорот на прашањето: како да го победиме не само стравот од смртта но и самата смрт. Да живееме така, што ќе нема ништо поважно од тоа да бидеме со Христос.  Да не ни се зближуваат, сраснуваат срцата со тоа, кое нè одалечува, нè отсранува од Господа, но да ја бараме онаа слобода од гревот, која само Бог може да ни ја даде. Љубовта кон Христос – не на зборови, не само во нашите мисли, а на дело пројавувана и јавувана – да ни дава да разбираме, дека ако тука со Господа ни е толку добро, колку ли повеќе подобро ќе ни биде таму…

Тогаш, за нас, напуштањето на овој свет од трагедија, ужас и болка може да се претвори во успение, во тивок и спокоен сон, кој завршува со будење – во радост, во светлина, во живот, во кој смртта веќе никогаш нема да ја има.

Игумен Нектариј (Морозов)

Повеќе ...