Војсководецот  на умот! (кратка поука)

Војсководецот на умот! (кратка поука)

Се смета дека една од главните одлики на војсководецот во битките на овој свет е да не паѓа со духот при секоја промена на среќата, туку е непоколеблив, како камено срце, и во својата цврстина донесува најразумни и најкорисни одлуки, со таа цврстина доведувајќи ги во недоумица своите непријатели, ослабнувајќи ја нивната дрскост и влевајќи ѝ храброст на својата сопствена војска.

Ваквиот карактер на еден војсководец станува причина за необични успеси, па одненадеж цела низа порази и несреќи се крунисуваат со одлучни победи и славења.

Таков треба да биде и умот – тој предводник во невидливата борба против гревот.

Ништо, никакво искушение што доаѓа од луѓето или демоните, кое се појавува од паднатата природа, не треба да го вознемири.

Извор на сила и непоколебливост нека биде верата во Бог, Кому сме Му се посветиле на служење и Кој е – Сесилен.

Малодушноста и збунетоста се раѓаат од неверувањето; но, штом подвижникот ќе прибегне кон верата – малодушноста и збунетоста исчезнуваат како ноќна темнина наспроти блесокот на сонцето…

(Од Преданието на светите Отци)