Воскресение Христово (трет ден)

Воскресение Христово (трет ден)

"Воскресение Христово (трет ден)"

На 10 април 2018 година (вторник од Светлата седмица), во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Христос воскресна!
Навистина воскресна!