Воскресение Христово во храмот „Свети Наум Охридски“ во Аделаид (Јужна Австралија)

Воскресение Христово во храмот „Свети Наум Охридски“ во Аделаид (Јужна Австралија)

 Небесата достојно да се веселат, а земјата нека се радува; нека празнува светот – видливиот и невидливиот, зашто воскресна Христос, радоста наша вечна

На 08. 04. 2018 година,  во црковната општина „Свети Наум Охридски“ во Аделаид, архимандритот Гаврил (Галев) го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Христос воскресна од мртвите,

со смртта смртта ја победи,

и на тие во гробовите

живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!