Второ воскресение во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Второ воскресение во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Второ воскресение во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасител на нашите души, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде

(стихира на Господи повикав… на Вечерна во светата Недела на Пасха).

На 08.04.2018 година, на самиот ден на Воскресението Христово, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј, Австралија, беше отслужена свечена Пасхална вечерна богослужба, или служба попозната како Второ Воскресение Христово, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоереите Наум Деспотоски и Александар Ивановски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј им го честита најсветлиот Празник над празниците и се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме на следниот линк: http://mpcaus.org/beseda-za-voskresenie-mitropolit-g-timotej/.