ЗА БОЛЕСТА!   (Старец Ефрем Филотејски)

ЗА БОЛЕСТА! (Старец Ефрем Филотејски)

ЗА БОЛЕСТА!   (Старец Ефрем Филотејски)

ЗА БОЛЕСТА – СТАРЕЦ ЕФРЕМ ФИЛОТЕЈСКИ

Довери My го своето здравје на Бога. Ако болеста или лекарот те принудат на нешто, прифати го тоа co надеж дека на тој начин Бог ќе го направи тоа што сака.

Се разбира дека нашето самоодрекување не треба да не’ одведе во смрт (оти тоа би било самоубиство), ниту пак треба да покажеме толку грижа што би не’ одвела во самољубие, туку напротив, треба да чекориме по средната патека, односно, co вера да го правиме она што ни е наложено, за да не ни се смета (нашето самоодрекување) за самоубиство.

Меѓутоа, да My оставиме на Бога (да одлучи) дали ќе ни биде подобро од она што го користиме.

Биди трпелив во сите свои страдања. Болестите и’ носат гола корист на душата кога трпеливо ги поднесуваме и кога за нив се обвинуваме самите себеси, бидејќи од нив страдаме најмногу заради своите гревови, а посебно заради гордоста на срцето.

Низ сето тоа ќе поминеш заедно co Христос. Самиот распнат Христос ќе биде co тебе додека боледуваш.

Тогаш подобро ќе Го запознаеш и ќе Го засакаш уште повеќе. Кога ќе помине искушението, ќе Го благословуваш заради добрата што ти ги дал.

He ce жалости, не ја губи силата… Кога си болен, собери ги своите душевни сили и потруди се да сфатиш што се обидува да ти каже небото во тие твои искушенија.

Ако плачеш од болка, солзите ќе го исчистат твојот поглед, како што му се случи и на многустрадалниот Jов. Тогаш заедно co него ќе можеш да речеш: Сега окото мое Те гледа (Jов 42, 5).

Без оглед од која страна е човекот искушуван, тој е секогаш во добивка, доколку за време на искушенијата покаже соодветно трпение и благодарност. Тоа се разоткрива кога искушението ќе помине, кога ќе станеш свесен за просветлението на твојата душа, бистрината на умот и насладата во внатрешниот човек.

Да се молиме во нашите животни незгоди да ни биде дарувано познание и трпение, за да го задобиеме спасението. Амин.