„За да те засакаат другите прво треба ти да ги сакаш”

„За да те засакаат другите прво треба ти да ги сакаш”

„За да те засакаат другите прво треба ти да ги сакаш”

Совети за љубовта

Да се љуби простодушно и без страв

Старецот многупати ми велеше:

„Те советувам секогаш да имаш љубов. Прво љубов, па потоа се’ друго”.

+ + +

„Понекогаш добиваш стравови, како што ми кажуваш, a тоа е затоа што доволно не го љубиш Христа. Тоа е се’. Ајде, оди сега, зашто не можам повеќе”.

+ + +

„Ha Бога не треба да му пристапуваш co страв од смртта. Сакам да му пријдеш од голема љубов кон Hero. Тоа е најважно, чедо мое”.

+ + +

„Треба да љубиме во едноставноста на срцето, а исто така треба и да се молиме”.

Љуби прв:

Кога му кажував, а тоа му го имав речено многу пати,

„Старче, благослови ме да бидам како тебе, што е можно повеќе”, не ме разбираше погрешно, туку ме благословуваше и ми велеше:

„Моли се и љуби. Љуби ги Бога и луѓето. Зар не гледаш што прави овде љубовта Христова? He ce прашувај во себе „дали ме сакаат другите?” Ако ти прв сакаш, знај дека и другите исто ќе те сакаат тебе”.

++ +

Еднаш една жена му се жалела на Старецот дека никој не ја сака, не ја сака мажот, не ја сакаат на работа, како најдобрите пријатели ја одбегнуваат, a на децата не им е важна. Постојано се жалела.

Старецот ја советувал сите тие мисли да ги исфрли од главата, зашто тоа не се нејзини мисли.

Наредниот ден Старецот се прошетал по шумата во близина на манастирот и наишол на група студенти кои тука дошле на излет. Имале касетофон и слушале музика. Во моментот кога тој наишол од касетофонот се слушала песна co овие зборови:

„He барај да тe сакам, љубовта не се бара, во длабочините на тајните на срцето има корен и извор”.

Слушајќи ги овие зборови, Старецот се сетил на жената која го посетила претходниот ден.

Кога дојде втор пат, рече:

„He треба да бараме љубов од другите. Треба прво ние да ги засакаме другите, a не да се бориме за нивната љубов. Дури тогаш ќе ни возвратат”.

И на тоа ги додаде стиховите од песната.

„За да те засакаат другите прво треба ти да ги сакаш”. Кога сакаш, те сакаат!

Bo текот на еден излет co Старецот, му пријдоа толку многу луѓе, што во еден момент ми рече:

„Гледаш ли што прави љубовта Христова? Тоа секогаш имај го на ум”.

+ + +

Старецот стоеше пред куќата на тркала и ja гледаше групата луѓе, негови духовни деца кои разговараа за него, a потоа го слушнав како полн co радост вели:

„О! Колку ќе биде убаво кога еден ден сите заедно ќе се најдеме во оној живот, во Царството Небесно!”

+ + +

Bo една прилика кога луѓето покажуваа голема љубов кон него, Старецот рече:

„Ја гледаш ли љубовта Христова! Големата љубов која ми ја укажувате, длабоко ме допира и ме прави смирен пред Бога, зашто сум толку недостоен”.

Пренесено од книгата “Срце за целиот свет”