За литургијата на предхосдно осветените дарови

За литургијата на предхосдно осветените дарови

Во центарот на сите великопосни богослужениjа е Литургиjата на претходноосветените дарови. Оваа Литургиjа jа нема потполната форма на Литургиите на свети Jован Златоуст и свети Василиj Велики. На неа нема принесување и благословување на дарови, не се врши осветување, туку само причестување со веќе осветените дарови на претходната
неделна Литургиjа. Доколку поконкретно сакаме да jа обjасниме оваа Литургиjа, би рекле дека таа е вечерна богослужба со продолжен чин на причестување. Овоj чин настанал поради потребата на христиjаните да се причестуваат почесто, што не било возможно поради деновите на покаjание и строг пост, но и поради 49-то правило на Лаодикискиот собор кое ги забранувало Литургиите во тие денови. Се претпоставува дека Литургиjата на
претходноосветените дарови започнала да се служи многу рано, уште во првите векови
на христиjанството. Подоцна, истата како засебен чин jа запишал и уредил светиот Григориj Велики, папа Римски, во шестиот век. Самото име го добила поради тоа што даровите со коишто се причестуваат верните, се осветени претходно, на неделната Литургиjа. Претходноосветената Литургиjа би требало да започне во три часот попладне. Тоа е така уредено, затоа што строгиот пост подразбирал неjадење до заjдисонце, а потоа jадење на сува храна. Затоа причестувањето во овие денови се врши на вечерната богослужба. Сепак, од практични причини, во повеќе парохиски цркви оваа Литургиjа се служи наутро, заедно со Утрената и Часовите. Како служба на претходно осветени дарови, може да се служи според потребите: и наутро, како што се практикува, но и попладне
и на средината на денот, со што би се овозможило повеќе луѓе да се причестат. Сепак, доколку се служи попладне, тогаш потребно е потполно воздржување од храна и пиење до времето на служење. Великопосните богослужениjа му даваат смила и полнота на елесниот пост. Нивната покаjна содржина и устроjството му помагаат на човекот да го засили покаjанието и љубовта, и да се поучи во таjните на аскезата. Постот и молитвата се
двата основни столба на духовниот живот. Не можеме да зборуваме за православно христиjанство, ако од него ги исклучиме постот и молитвата. Телесниот пост не е доволен без молитвата. Но и телесниот пост, молитвата и подвизите се незамисливи без учество во светотаинскиот богослужбен и литургиски живот на Црквата. Секоj наш подвиг во љубовта, постот и личната молитва, треба да наjде своjа полнота во соборната молитва на Црквата, коjа се случува на богослужениjата и, особено, во причестувањето со телото и крвта Христови.