За осудувањето (3)

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 45 seconds


Некогаш во Скитот некој брат паднал во грев. Браќата се собрале и пратиле по ава Мојсеј; но тој не сакал да дојде. Тогаш презвитерот пратил по него со вакви зборови: дојди, те очекува собранието. Авата станал, зел една лоша корпа, ја наполнил со песок и така тргнал. Браќата што му излегле во пресрет го прашале: отец, што значи ова? Старецот им рекол: тоа се моите гревови што се истураат зад мене – но јас не ги гледам нив, туку дојдов сега да судам туѓи гревови. Браќата, откако го слушнале ова, ништо не рекле за братот, туку му простиле.

Ава Јосиф го прашал ава Пимен: кажи ми како да станам монах? Старецот одговорил: ако сакаш спокој, и овде, и во идниот век, тогаш при секое дело говори: кој сум јас? И никого не осудувај.

Братот го прашал и ова: ако го видам гревот на мојот брат, добро ли е да го сокријам? Старецот му рекол: кога ние ги покриваме гревовите на братот, тогаш и Бог ги покрива нашите согрешенија, а кога го откриваме гревот на братот, и Бог ќе ги објави нашите гревови.

Source: http://mistagogia.mk/za-osuduvanjeto-3/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Винок, игуменот од Вормхулт

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ВИНОК, ИГУМЕНОТ ОД ВОРМХУЛТ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 6 НОЕМВРИ (640-717; Winnoc of Wormhout) Преподобниот Винок,[1] за кого житијните податоци говорат дека по потекло е Британец, бил потомок на кралско семејство. Своето детство тој го поминал во Бретанија...

Image Description
2 years ago

На 26. 11. си спомнуваме на – Свети Јoван Златoуст!

Свети Јoван Златoуст. Патријарх Цариградски. Рoдeн e вo Антиoхија вo 354 гoдина oд таткo Сeкунд, вoјвoда и мајка Антуса. Учeјќи ја грчката филoзoфија, Јoван сe згрoзил oд грчкoтo нeзнабoштвo и ја усвoил христијанската вeра какo eдинствeна и сeцeла вистина. Јoван бил крстeн oд Мeлeтиј, патријархoт Ан...

Image Description
3 years ago

Покров на Пресвета Богородица

Празникот Покров на Пресвета Богородица е историски настан кој се случил во 911 година, во црквата Влахерна, во Цариград. Додека патријархот со свештениците и верниот народ стоеле на молитва, во текот на бдението Пресвета Богородица му се открила на јуродивиот Андреј, а т...