За разликата меѓу еврејската и христијанската Библија

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 35 seconds


rsz_scroll

И денес Евреите за своја света книга го имаат само Стариот завет, бидејќи тие Христос не Го препознале и прифатиле како очекуваниот Месија. Постои разлика меѓу нивната Библија и нашиот Стар завет, како по бројот, така и по редоследот на книгите во библискиот список. Нивното Свето писмо, тие го нарекуваат ТаНаК (акроним од почетните букви на трите групи книги: Тора, Невиим и Кетувим). Тора (Закон, Учење) се првите пет книги припишани на Мојсеј. Невиим (Пророците) се делат на две подгрупи: рани пророци (Исус Навин, Судии, 1 и 2 Самуилова, 1 и 2 Цареви) и доцни пророци (Исаија, Еремија, Езекил и 12 мали пророци). Кетувим (Писанија): Псалми, Јов, Изреки, Песна над песните, Рут, Плач Еремиин, Проповедник, Естира, Даниил, Ездра, 1 и 2 Летописи. Станува збор за 39 книги (22 според нивното сметање).

Христијанскиот список на Стариот завет е поинаков и тука имаме четири групи поделени според содржината, т.е. видот на книгите. Законски (Петокнижието Мојсеево=Тора), Историски (Исус Навин, Судии итн.), Поучни (Псалми, Изреки итн.) и Пророчки (пророчките книги). На сличен начин се дели и Новиот завет: Законски (Евангелијата), Историски (Дела), Поучни (Посланијата) и Пророчки (Откровението на Јован).

Постојат разлики во библискиот канон (список на прифатени книги како свети) кај различните христијански деноминации: меѓу православните, римокатолиците и протестантите, па и меѓу некои православни Цркви. Тоа важи, пред сè, за Стариот завет, додека Новиот завет со 27 книги е прифатен од сите христијани. Кај протестантите Стариот завет е ист како кај Евреите: 39 книги, иако поредокот е различен. Но, кај православните и римокатолиците списокот е подолг и има повеќе книги. Како се појавила таа разлика?

Уште во времето пред Христа, 3 век, за потребите на египетските Евреи во Александрија почнале да се преведуваат светите книги на грчки јазик. Значи самите Евреи уште пред Христа си ги превеле светите книги на грчки јазик и тој превод се нарекува Септуагината (превод на Седумдесетмината). Во времето на Христа, јудаизмот веќе бил доволно елинизиран, особено меѓу Евреите во дијаспората, тие го користеле Стариот завет на грчки јазик, а подоцна Септуагинтата природно и ќе стане христијанска Библија. Треба да се напомене, дека во тоа време Евреите ги имале одредено само првите две групи од нивната Библија (Тора и Невиим), додека третиот оддел Кетувим сè уште не бил дефиниран. Тоа се случува дури по Христа. Кога Евреите конечно го определуваат својот библиски канон, тие отфрлиле некои книги, можеби, како реакција на нивната употреба од страна на Христијанството, кое врз нив ги засновало своите учења. И така се појавила разлика во бројот на книги на Стариот завет меѓу Евреите и христијаните која постои до денес. Протестантите подоцна го преземаат еврејскиот список на старозаветни книги, кој, да повториме, бил конечно дефиниран во периодот по Христа.

Околу различниот поредок, треба да се напомене дека Библијата е составена од многу книги, а порано секоја книга постоела одделно физички и повеќето книги различно биле подредувани.

Наbiblijamkшата македонска Библија ја сочинуваат 77 книги: 50 – Стариот, 27 – Новиот завет. Ако го споредиме Стариот завет со еврејската или протестантската Библија, ќе видиме дека нашата има 11 книги повеќе, бидејќи тие се прифатени, во основа, преку Септуагинтата: Товит, Јудита, 2 и 3 Ездра, 1,2 и 3 Макавејски, Послание на Еремија, Варух, Сирах и Мудрост Соломонова. Разликата меѓу нашиот библиски канон и оној на Римокатоличката црква е во 3 книги што ги нема во римокатоличкиот список: 2 и 3 Ездра и 3 Макавејска.

Г.Г.

Source: http://mistagogia.mk/za-razlikata-megju-evrejskata-i-hristijanskata-biblija/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Татковци - бидете Татаковци!

Татковци - бидете Татаковци! За теоријата на С. Фројд и воспитанието на нашите деца Олег Владимирович Никифоров      Поминувајќи денес покрај книжарниците не може човек да не се радува. Колку многу би дале за возможноста да ги добиевме тие книги 10-15 години наназад. Се сеќ...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Александар Шмеман - Крштевање

  КРШТЕВАЊЕ Александар Шмеман Таинството на водата Во нашите богослужбени книги светото Таинство Крштевање започнува со следното упатство: Свештеникот влегува во олтарот и облекува бела облека. При запалени свеќи, тој кади околу садот со водата, ја остава кадилницата и се поклонува. Во...

Image Description
3 years ago

Он да е праведен, Он би нѐ претворил во пепел…!

„Најпрво би рекол дека Светителот постои и може да постои исклучиво во Православната Црква. Надвор од Православната Црква, навистина, може да има многу добри луѓе, но не и Светители, онака како што ние ги сфаќаме. Бидејќи Светител не е човек кој просто поседува добродетели или кој, низ аскетско восо...