Замислете, „како договорени“!? (Митрополит Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 26 seconds


Како договорени

„Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина; и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на поканетите:

’Дојдете, оти сè е готово!‘ И почнаа сите, како договорени, да откажуваат…“ (Лука 14, 16–24).

Во денешното евангелско четиво гледаме, во суштина, исплашени луѓе кои поради приврзаноста со овој свет се откажуваат од Богочовекот Христос и од Неговата „голема вечера“ – односно од причестувањето со Телото и Крвта Христови.

А што гледаме во житијата на сите свети маченици, на преподобните отци (монасите) и на јуродивите заради Христос?

Гледаме незамолчливо сведоштво на храбро и екстремно одрекување од овој свет – заради Христос.

Ги потенциравме горенаведените крајно спротивставени примери за да ја избегнеме осредноста:

„Ги знам делата твои: ти не си ни студен ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, а не жежок, ниту студен, ќе те изблујам од устата Своја“ (Откр. 3, 15–16).

Но, моето внимание посебно го привлече оваа реченица: „И почнаа сите, како договорени, да откажуваат“.

Замислете, „како договорени“!?

Сигурно овде не се мисли на некаков конкретен и осмислен договор, туку на неосвестено, но воедначено човеково однесување.

И, сигурно не се работи толку за однесувањето, колку за еден и ист дух што го раководи тоа однесување – паднатиот дух.

Оти, кој друг дух би се одрекол од Христос?

И кој друг дух би можел, и денес, толку различни (етнички, партиски) и неповрзани луѓе да ги поврзе во едно те исто однесување – во противење на Христовиот Дух, освен духот на антихристот?

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога е во прашање поткопувањето на единството на Македонската Православна Црква – ОА, како и кога е во прашање обидот за оневозможување на единствената „голема вечера“ од Богочовекот Христос, преку неа, подготвена.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/27/30260/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Копнеж – духовно да се прогледа – „Господи, да прогледам!“ (Дедо Наум)

Копнеж – духовно да се прогледа (10.01.2021 16:58) Во денешното евангелие (Лука 18, 35–43), слепиот повикува кон Господ Христос: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме“. Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – чистењето на срцето од страстите. За овој степен од духовниот развој се ка...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

 На рјеках Вавилонских... (12.09.2020 14:39)(Основни човечки дарови)Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за берење, тој ги испрати при лозарите своите с...

Image Description
2 years ago

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

Лука 24: 36-53        Зачало 114 ,,И ќе ве земам при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас<(Јован 14: 3) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Возљубени христијани,Никој од живите во тело не го видел Христовото Воскресение во таа темна но...