Зошто неделата, а не саботата ја запазуваме како ден за одмор? ( На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)

Зошто неделата, а не саботата ја запазуваме како ден за одмор? ( На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)

Зошто неделата, а не саботата ја запазуваме како ден за одмор? ( На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)

Замолувам за одговор:

„Шест дена нека се работи, а седмиот ден е сабота, ден за одмор, посветен на Господ. Секој кој ќе работи и во саботен ден, нека се предаде на смрт.

Излез 31: 15

Тогаш зошто Неделата ја запазуваме како ден за одмор или посветена на Господ… И зошто во православниот календар е секогаш обележана со црвено?

Одговара отец Горан

Неделата на црковно-словенски јазик се нарекува Воскресение, а во повеќе јазици се споменува како Ден Господен, Ден на Воскресението Христово или прв ден од седмицата, а воедно и осми ден кога  чествувајќи во Литургијата и причестувајќи го очекуваме и Христовото второ доаѓање, секоја Литургија, а неделата како секое седмично воскресение не потсетува за нашата надеж и љубов во Христа.

Што се однесува до саботата, бидејќи Младоженецот – Христос дојде, и за невеста ја има Црквата, неумесно е да се цитираат делови од Стариот Завет за саботата, оти Христос ги исполни Законот и Пророците, и го донесе “законот” на благодатта потвреден со Неговото Воскресение во првиот ден од седмицата – недела која треба да ни биде особено благодатно работна, присуство на Литургија и Причест, онака како ни е благославено!