Зошто толку малку вера се гледа на земјата?

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 15 Views

Луѓето трчаат по чудотворци – па било тоа да се и бајачи.

Но, ви велам дека најголемото чудо е возобновувањето на твојот живот врз неговиот темел, Исус Христос; твојата волја да стане христијанска. Ова е најголемото чудо што навистина ни е при рака; и ни се заповеда:

„Воскреснете ги мртвите“. Но Христос копнее по твоето воскресение. Што значи ова, не може никој подобро да ти каже освен оние што воскреснале од сигурна смрт како од еден грд сон.

Дарот на простувањето на гревовите е поголем од дарот на чудотворството, бидејќи се однесува на душата, додека, пак, чудата обично се однесуваат на телото.

Едно простување на душата, нејзиното очистување, понекогаш е вистинско воскресение од мртвите, и ова е поважно од излекувањето на една нога.

***

Бог не бара од нас чуда. Он ги прави чудата.

Бог ни го бара животот и неговото восогласување со Евангелието. Ова е чудото што се бара од нас. Другите чуда Он ги прави.

Значи, ако е така, зошто толку малку вера се гледа на земјата? (…)

Едно објаснување би било дека многу малку животи Му се предаваат на Бог; многу малку луѓе Му дозволуваат на Христос целосно да владее со нивниот живот – и тие не се попречени од стравот на забраната, туку од измамничката лага на самољубието, која како плевел расте во нивата на животот.

Отец Арсениј Бока