Свето евангелие според светиот апостол Лука

8:5-15

5. Излезе сејач на семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа;

6. а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага;

7. едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;

8. а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.” Откако го рече ова, извика: „Која има уши да слуша, нека чуе!”

9. А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи таа парабола?”

10. Он рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува во параболи, та гледајќи да не виѓаат, и слушајќи да не разбираат.

11. А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.

12. Она, што падна покрај патот, се оние, кои слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;

13. а она на камен – се оние, кои кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, па штом дојдат искушенија, тие се откажуваат;

14. тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод;

15. а оние на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение.” Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!

+++

“Излезе сејач да сее ceме”.
Колку едноставен, толку и свечен почеток на приказната. Значи: дојде времето за сеидба, мразевите и снеговите ја подготвија земјата, орачите ја изораа, пролетта настапи, и – сејачот излезе да сее.
Излезе сејачот од домот свој, на нивата своја, да го посее семето – не туѓо, туку своето. Toa e надворешната едноставност; a внатрешната длабочина e: сејачот е Христос, семето e евангелската животодавна наука.
Човекот е подготвуван co илјадагодишните маки и страдања, co беспаќа и лелеци да го прими божественото семе на животодавната наука. Пророците jа изораа нивата – душите на луѓето, a Христос засветли како пролет по долготрајната студена зима и како сејач излезе да сее.
Пророците се орачи, a Toj e сејач. Ако пророците посеале понекаде нешто, тоа не било нивно семе, туку од Бога позајмено. Но Христос излегол да го посее своето семе. Лажните учители пред Христа земаа семе од ѓаволот и го сееле по светот како свое.
Христос не позајмува од никого, туку навистина сее од своето. „Излезе сејач…” – но од каде излезе и каде тргна?
Излезе Синот Божји од вечната прегратка на својот Татко, а сепак не се одвои од таа прегратка. Излезе во човечко тело. за како човек да им послужи на луѓето.
Излезе како светлината што излегува од сонцето, a сепак не се одвојува од него. Излезе како дрво од својот корен, не одвојувајќи се од коренот.