23. Недела по Педесетница (Зошто злите духови во свињите?) Омилии

Example Admin User · 2 months ago

    6 minutes, 3 seconds


…„И Он им рече:

»0тидете!« И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш cите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата.”

Исто така, злите духови можеа двајцата бедни луѓе да ги натераат да се удават во морето, ако Божјата сила тоа не им го попречуваше.

Меѓутоа, се случува, и тоа не ретко, умоболните да скокнат од некоја височина или да се удават во вода, да се фрлат во оган или да се обесат.

Ha тоа ги наведуваат злите демони. Нивната цел е не само да го затрујат човечкиот живот, туку и душата да ја убијат за двата света.

Ho, сепак, често се случува дека Бог, според своите премудри соображенија, ги чува луѓето од таква смрт.

Ho зошто Господ Исус Христос, токму во свињите ги испрати злите духови?

Тој можел да ги испрати, на пример, во дрвјата, во камењата;

зошто токму во свињите?

He затоа што сакал да им ја исполни желбата на ѓаволите, туку за да ги поучи луѓето. Каде што се свињите, таму е нечистотијата, а нечистите духови ja сакаат нечистотијата, a каде што ja нема оваа нечистотија, тие сосила ја создаваат.

И каде што ја има малку, таму тие брзо се намамуваат и од малку брзо прават многу. A кога ќе се вселат, тие и во најчистиот човек многу брзо ќе натрупаат свинска нечистотија.

Co тоа, пак, што свињите брзо се сурвале и се удавиле во морето, Господ сака да нѐ поучи дека ненаситноста и лакомоста се слабо отпорни на демонската сила, и да нѐ потсети на пост.

Што има поненаситно и полакомо од свињите?

Па ете, колку брзо демонската сила ги совлада и ги упропасти!

Така се случува и co ненаситните и лакоми луѓе, кои мислат дека co многу прејадување собираат сила во себе. Меѓутоа, тие co тоа не собираат сила, туку слабост, – и физичка и духовна.

Ненаситниците се некарактерни луѓе, слаби пред луѓето и уште послаби пред демоните. На демоните не им е ништо полесно од тоа
да ги удават во морето на духовната смрт!

Но од тоа произлегува и јасна поука дека е страшна силата демонска, кога Бог не ја задржува. Демоните кои беа во двата човека за неколку мигови совладаа и изудавија голем број свињи.

Но прво Бог ги задржал додека не дошол Христос за да ја покаже над нив својата сила и власт, а тука Бог ги пуштил, за да се покаже демонската сила.

Ако Бог би попуштил, за неколку мигови демоните би направиле co сите луѓе на земјата истото што го направија co свињите.

Но Бог е човекољубец и неговата безгранична љубов нѐ чува во живот и нѐ заштитува од нашите најлути и најстрашни непријатели.

Ho, некој можеби ќе рече, зарем не му беше жал на Господа, пред сѐ, толку свињи да пропаднат, а потоа и толкава штета да им биде направена на граѓаните од тој крај?

Пак самиот ѓавол ги наведува луѓето на вакви мисли, божем е тој посочувствен од Христа!

Но дали не се свињите само подвижна трева?

Кога на Бога не му е жал за белите кринови во полето, кои денес ги облекува пораскошно од царот Соломон, а утре ги изгорува co оган – зошто да му биде жал за свињите?

Или пак потешко му е на Бога да ги создаде свињите отколку криновите во полето?

Но, некој пак ќе рече: не поради убавината, туку поради користа.

А зар свињата му е од корист на човекот само тогаш кога му го храни и му го дебели телото, a не и тогаш кога ќе му помогне во просветувањето на душата?

„Вие сте подобри од многу птици”, им рече Господ на луѓето.

He ce ли луѓето подобри и поважни од многу свињи, – макар и од некакви две-три илјади свињи?

Секој нека помисли на себе и на својата лична цена, па брзо ќе се увери дека поуката, која на човештвото му е дадена преку овој настан co свињите чинела многу малку.

Оти требаше нагледно, речиси драстично, да му се покаже на затапениот род човечки колкава е нечистотијата на ѓаволот и каква е силата ѓаволска.

Никакви силни зборови на луѓето не би можеле тоа толку јасно да го изразат како бесот и давењето на свињите во оној миг кога ги нападнаа злите духови.

Какви зборови би можеле да ги убедат незнабожечките народи на Гергеса и Гадара, кога ни овој страшно јасен доказ, не доказ туку показ, не можел да ги разбуди од гревовниот сон, да ги освести над бездната, во која – како свињите – немилосрдно ги влечат демоните, ниту пак да ги поучи во верата во Семоќниот Христос!

“А свињарите побегнаа и, штом дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она, што се беше случило co бесните. И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и кога го видоа, го замолија да си отиде од нивниот крај”

И свињарите и граѓаните беше ги зафатил страв и ужас, и беа многу исплашени.

Сите видоа што никогаш ниту слушнале ниту виделе:

луѓето мачени од бесови, поради кои co години трепереле од страв, мирно и умно седеа кај Христовите нозе.

И ја слушнаа приказната од апостолите и од своите свињари дека Христос ги исцели бесните луѓе, дека легион демони трепереше од страв при самата појава на Христа, дека тие во страв го молеа барем во свињите да ги испрати кога веќе не им дава престој во луѓето, и на крајот дека злите духови како виор ги собраа свињите и ги струполија во морските длабочини.

Сето тоа го слушнаа, сето тоа добро го разбраа. И видоа двајца нови луѓе, кои до пред малку биле како двајца мртовци, сега очистени и воскреснати.

И гледаа во лицето на кроткиот Господ, кој пред нив стоеше кроток и смирен, како да не направеше поголемо чудо од тоа кога би ги превртел гергесинските планини и би ги фрлил во морето.

И од сето тоа овие затапени граѓани само едно задржаа во својот ум и срце, имено: дека нивните свињи неповратно пропаднаа.

Наместо да клекнат на колена и да му заблагодарат на Господа што спаси двајца луѓе, тие жалат што ги изгубија свињите!

Наместо да го повикаат Господа Христа на гости, тие го молат што поскоро да отиде од нив. Место да му пеат слава на Бога, тие кукаат за свињите.

Но не брзајте да ги осудувате овие свињољубиви гергесинци пред да го погледнете денешното општество и да ги преброите сите свои свињољубиви сограѓани, кои исто така, како гергесинците, повеќе би ги сакале своите свињи отколку животот на своите соседи.

Или пак мислите дека денес има малку луѓе, па дури и меѓу тие кои co крст се крстат и co јазикот и co устата Христа го исповедаат, кои не би се решиле да убијат два човека заради добивка од две илјади свињи?

Или пак, можеби, мислите дека има многу помеѓу нас од тие кои би жртвувале две илјади свињи за да го спасат животот на двајца бесни луѓе?

О, таквите нека се засрамат и нека не ги осудуваат гергесинците додека пред тоа самите не се осудат. Ако би гергесинците денес
излегле од своите гробови и би почнале да се пребројуваат, во христијанскиот свет би набројале преголем број на свои едномисленици.

Гергесинците барем го молеа Христа да си оди од нив, а денешниот свет и денешниот христијанин го тера Христа од себе, за да останат сами, сами co своите „нацистички” саможиви свињи и co своите господари, co демоните!

Целиот овој настан од почеток до крај има своја длабока внатрешна смисла.

Ho и ова што го кажавме е доволно за поука, предупредување и разбудување на сите оние кои во своето тело се чувствуваат како во гроб, кои чувствуваат дејство на демонските сили во своите страсти, кои ги стегаат како железни пранги и вериги и ги влечат во бездната на пропаста, кои при сето тоа го ценат човекот во себе, односно душата своја повеќе од свињите, од сиот добиток, сиот земен имот и богатство, и кои го бараат лекот и Лекарот за својата болест по цена на сѐ што имаат.

Целата приказна, пак, се завршува co овие зборови:

„Тогаш Oн влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна во Своjот град”.

Исус на гергесинците не им проговори ниту збор. Што помагаат зборовите, кога не помогнаа толкави божествени чуда?

He ги укори. Што вреди да се укоруваат мртви гробови?

Туку молчејќи слезе низ падината, влезе во коработ и отиде од нив. Колкава кроткост, колкаво трпение, каква божествена возвишеност!

Колку е ништожна победата на оној војвода, кој гордо му напишал на својот сенат

: „Дојдов видов и победив!”. Христос дојде, виде, победи и – замолкна.

И замолкнувајќи, ја направи својата победа возвишена и вечна.

Затоа незнабошците нека се учат на примерот на оној горд војвода, a ние ќе се учиме на примерот на кроткиот Господ Исус Христос.

Тој никому не се налага. Ho кој Hero го прима, го прима животот, кој Heгo го оддалечува од себе, останува во свињарникот, co вечното беснило и вечната смрт.

Господи Исусе, Сине Божји, смилувај се на нас грешните, исцели нѐ и спаси нѐ!

Нека Ти е слава и благодарност, заедно co Отецот и Светиот Дух – на еднобитната и неразделна Троица, сега, секогаш и во вечни векови!

Амин.

Пренесено од книгата “Омилии” Недела петта по Духовден

Source: https://pokajanie.mk/2022/11/02/35402/

Share:

Example Admin User

Numquam earum rerum voluptas dolorum est est dolore. Sint aliquid provident voluptas laboriosam in id tenetur. Natus reiciendis voluptates ipsum itaque et nulla at. Explicabo et qui dolorem a odio placeat minus. Debitis delectus expedita voluptatem dicta earum aut. Quia ut maxime voluptatem voluptas. Doloribus tempora repellendus at voluptas.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Рождество на Пресвета Богородица

  Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините род...

Image Description
2 years ago

Од православниот календар -Кој бил Светиот пророк Самуил

Светиот пророк Самуил Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и што...

Image Description
1 year ago

Од Православниот календар – Подвигот на Преподобен Мојсеј Мурин

Преподобен Мојсеј Мурин Вистинскиoт христијанин ја избeгнува чoвeчката пoфалба. Нe самo штo ја избeгнува, туку има и вистински страв oд нeа. Св. Сава Пскoвски ги oставил и игумeнствoтo, и манастирoт, и дoбритe браќа вo манастирoт и пoбeгнал вo eдeн пуст прeдeл, самo да ја избeгнe пoфалбата oд луѓeт...