“Што имаш co нас Tи, Исусе, Сине Божји?” – прашуваат демоните.

Co други зборови тоа значи: што има заедничко помеѓу Тебе и нас?

Од каде оваа Твоја неочекувана и несакана посета?

“Какво согласие може да има меѓу Христа u Велијар (2. Kop. 6,15)?” Сигурно дека нема никаква согласност.

Затоа Велијаровите слуги, мачителите на луѓето, го прашуваат Христа зошто Тој да им дојде? И тоа „предвреме да нѐ мачиш”.

Значи, тие го очекуваат судниот час и маките на крајот на времето. За нив самата појава на Христа e мачење, и тоа пострашно мачење отколку светлината за кртовите, отколку огнот за пајаците.

Во отсуство на Христа демоните се бесрамни и дрски до таа мера што луѓето од нив обземени ги понижуваат повеќе од добитокот и тие стануваат страв и ужас за сета околина – „та не смееше никој да мине по тој пат”.

A во присуство на Христа тие не само што се ропски уплашени, имаат понизност на страшливец слично на секој тиранин пред негов судија – и, ете, почнаа  понизно да го молат Господа да не ги натера во бездната.

“И Го молеа да не им заповеда да одат во бездната”.

Да не им заповеда, тоа значи, ако Тој им заповеда, тие мораат да отидат во бездната. Таква e власта и силата Христова.

A бездната e нивното вистинско живеалиште и мачилиште. За началникот на сите демони видовитиот пророк вели:

„Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите? – Ho ти си соборен во пеколот, во дното на адот” (Иса. 14, 12-15), таму каде што e плачење и крцкање co забите.

Поради гревот на човекот, a по Божјо допуштение, постојат пуштени демони во луѓето. И на нив полесно им e во луѓето отколку во бездната. Оти кога се во луѓето, тие ги мачат луѓето, а кога се во бездната, самите се мачат.

И во луѓето тие се во големи маки, но тие нивни маки се ублажени co тоа што уште некој ги споделува нивните маки. Ѓаволот e пакосник на телото, трн во телото, како што го нарекува апостолот кој го почувствувал неговото присуство (2. Kop. 12, 7).

Низ телото тој ползи до душата како по скали, се фаќа за срцето и за умот на човекот, cѐ додека сѐ не разјаде, не обезличи и не испразни од божествената убавина и чистота, од разумот и правдата, од љубовта и верата, од надежта во доброто и волјата за доброто.

Тогаш тој се населува во човекот како на свој престол и ги зафаќа сите конци од човековото тело и душа во свои раце, a човекот му станува како животно кое тој го јава, свирка преку која свири, ѕвер преку кој тој крвожедно напаѓа.

Такви беа и овие бесомаченици, за кои станува збор во евангелието. He ce вели дека тие го видоа Христа, ниту дека тие го познаа, ниту дека тие му се обратија, ниту што било друго за да се смета дека поведоа некаков разговор co Heгo.

Сето тоа го направија ѓаволите кои беа во нив. Бесомачениците како да не постоеја, како два мртви гроба кои ги туркаа ѓаволите пред себе и co својот камшик ги гонеа.

Да се излекуваат вакви луѓе, тоа како да се воскресене од мртвите, дури и уште повеќе. Оти мртов човек значи: одвоена душа од телото.

Ако e душата во Божјите раце, Бог може да ja врати во телото и тоа да оживее. Но кај опседнатите случајот e пострашен од смртта.

Оти нивната душа e украдена и заробена од ѓаволите, и ѓаволите ја држат во свои раце.

Треба, значи, душата на човекот да се оттргне од ѓаволот, треба да се истера ѓаволот од човекот и да се врати во човекот неговата душа.

Затоа ова чудо – исцелението на бесните – во најмала рака e еднакво на чудото на воскреснувањето на мртвите, ако не и повеќе.

Пренесено од книгата “Омилии”

+++

Свето евангелие според светиот апостол Лука

8:26-39

26. И пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја.

27. А кога излезе Он на суво, Го сретна еден човек од градот, кој имаше бесови од многу години, и не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите.

28. Кога Го виде Исуса, извика и падна пред Него, и гласно рече: „Што имаш со мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме!”

29. Зашто Исус му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот; оти долго време го мачеше, и беше во окови, и со вериги го врзуваа, чувајќи го; но тој ги раскинуваше оковите и бесот го тераше да оди во пусти места.

30. А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?” Тој одговори: „Легион”, зашто многу бесови беа влегле во него.

31. И Го молеа Исуса да не им наредува да одат во бездната.

32. А таму, по ридот, пасеа многу свињи; па Го молеа да им позволи да влезат во нив. И им позволи.

33. И откако излегоа бесовите од човекот, влегоа во свињите; и се гргнаа свињите низ стрмнината и се издавија во езерото.

34. Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и околината.

35. И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исуса, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се уплашија.

36. А оние, што беа виделе, им кажаа како се исцели бесниот човек.

37. И сиот народ од Гадаринскиот крај Го молеше да си отиде од нив; зашто се беа уплашиле многу. И Он влезе во коработ и се врати.

38. Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Него; но Исус го отпушти, велејќи:

39. Врати се во домот свој и раскажувај што ти направи Бог! Тој си отиде и расправаше по целиот град, што му направи Исус.

Originalen post ...