Title : 28. Недела по Педесетница Ете, приготвив јадење – значи, дојдете!

28. Недела по Педесетница Ете, приготвив јадење – значи, дојдете!

Example User · 7 months ago

„Ете, приготвив јадење.”

Сѐ што e потребно за храна и веселба на душите, подготвено е. Вистината e храна на душата; вистината целосно била откриена како пребогата царска трпеза.

Победата над злите духови, победата над болестите и грижите, победата над природата, сите тие победи, кои ja хранат и ja веселат човечката очаена душа, придобиени се – значи, дојдете!

Порано небото изгледало како co олово затворено за луѓето и човечките души беа како жални невести затворени во студени зандани. Сега небото e ширум отворено.

Самиот Бог се јавил на земјата, ангелите слегуваа на земјата, мртвите се покажуваа како живи, достоинството на човекот воздигнато e до Бога!

О да, слатки јадења! 0 да, раскошна трпеза – дојдете!

Но, наместо да се одзват на свадбената покана, заслепените души од темни зандани извршија преужасен злостор убивајќи го својот Спасител, својот Младоженец. Ho дури ни co тоа Божјото трпение не e исцрпено.

Најголемиот злостор Бог го обратил во најдлабок кладенец на сладост и радост. Телото и крвта на распнатиот Господ изнесени се на царска трпеза, неспоредливо послатко од гоените телиња и јунци.

Дојдете и причестете се co сладоста на која и ангелите можат да ви завидат!

Благодатните струи на Светиот Дух, семоќниот и животворен Дух, широко се отворени. Сѐ е  подготвено – сѐ! Сѐ што e потребно извалканата невеста да се очисти, и гладната да се нахрани, и ранетата да се исцели, и соблечена да се облече, и пијаната да се отрезни, и мртвата да оживее.

Тука e крштавањето co вода, тука e крштавањето co огнот и духот, тука e олеснувањето co постот, тука e закрилувањето co молитва, тука e елејот, тука се лебот и виното, тука e царското свештенство за раководство, тука e Црквата на светоста и љубовта.

Сите тие дарови и’ ги донел Младоженецот на својата невеста и сите ги поставил на царската трпеза.

Значи, дојдете! Дојдете на свадба!

„Ho тие не сакаа да знаат, за тоа, a cи отидоа: кој на нива, кој пo трговија; a некои, пак, ги фатија Неговите слуги, ги исмеаја и ги yбија.”

Залудно e закоравената блудница да ја повикуваш во законски брак! Ha таа не и’ e гајле за нејзин законски вереник. Таа премногу навикнала на своите идоли, за да може да се оттргне од нив.

На едни блудни души идолот им e полето, на други трговијата, на трети нешто трето. Полето го означува телото co телесните страсти, a трговијата го означува среброљубието, добивката и богатењето co распадливите работи од овој свет.

Значи, секој отиде кон својот идол, a за вереникот никој не сакаше да слушне. A другите се расрдија и за самата покана, та ги фатија царските слуги, ги исмеаја и ги убија. Така веднаш пo Голгота ги исмејуваа и ги мачеа апостолите Петар и Јован (Дела 4, 2-3), a потоа го убија архиѓакон Стефан и апостол Јаков, а потоа и многу други.
….

&

….. Раскрсниците го означуваат незнабожечкиот свет, каде што се вкрстуваат патиштата на доброто и злото, ридишта и долини, грмишта и камењари, каде што Божјото семе било подложено на секакви опасности.

Тој широк и многуброен свет Бог го гледал co еднаква татковска грижа, како што го гледал и Израилот, и промислувал за него, само на друг начин. Оти, додека израилскиот народ го раководел co откровенијата, пророците и знаците, другите народи ги раководел, давајќи им внатрешна сила на совеста и разумот.

И во народот израилски мнозина се спасени, имено оние кои беа верни и послушни, a мнозина се спасени и меѓу незнабожечките народи – имено оние кои беа совесни и разумни.

A сега, кога дошол Синот Божји на земјата и бил отфрлен од првиот народ, Бог нашироко отворил еден и еднаков пристап кон себе за сите и за секого.

„И како излегоа слугите на раскрсниците, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши u добри; и се наполни свадбениот дом co гости.”

Тоа e Божјата Црква на земјата. Тоа e новиот сојуз на Бога co луѓето, во името на неговиот Син, Господ Исус Христос.

Пренесено од книгата “Омилии” (Подготви М. Д.)

&

&

Свето евангелие според светиот апостол Лука

&

14:16-24

16. А Он му одговори: „Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина;

17. и кога беше време за вечера, го прати слугата свој да им каже на поканетите: »Дојдете, оти сè е готово!«

18. И почнаа сите, како договорени, да откажуваат; првиот му рече: »Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!«

19. Вториот рече: »Купив пет чифта волови и одам да ги пробам; те молам – извини ме!«

20. Третиот рече: »Се оженив и затоа не можам да дојдам«

21. Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: »Отиди бргу по раскрсниците и улиците градски и доведи ги тука бедните, слабите, хромите и слепите!«

22. И рече слугата: »Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.«

23. И му рече господарот на слугата: »Излези по патиштата и оградите и убеди ги да дојдат, за да се наполни мојот дом!«

24. Зашто, ви велам: никој од поканетите нема да вкуси од вечерата Моја. Оти мнозина се поканети, но малкумина се избрани.”

С.Т.

Source: https://pokajanie.mk/2019/12/25/25494/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Да ги усредоточиме мислите кон мирот и кон тишината

старец Тадеј (Витовнички)   „Во нашиот овоземен живот сè зависи од мислите. Секоја работа, секој труд, секое движење. Човекот говори преку мислите, а не преку делата, и ние постојано сме во ‚мисловна борба‘“, вели игуменот Тадеј, големиот духовник и старешина во манастирот Витовница во источна Србиј...

Image Description
2 years ago

НОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА – На Велики четврток…

НОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА Ноќта меѓу 6 и 7 април He било обичај да се напушта домот во ноќта за време на пасхалната трпеза, но Исус го прекршил ова правило, веројатно грижејќи се за учениците. Во куќата тие лесно можеле да бидат уапсени заедно co него. He e исклучено дека Јуда првин се убедил дека куќа...

Image Description
3 weeks ago

Мисли за доброто и злото од владика Николај Велимировиќ (4)

  МолчењеЗа три предмети не брзај да зборуваш:За Бога – додека не ја утврдиш верата во Него,За туѓиот грев – додека не се сетиш на својот, иЗа утрешниот ден – додека не се раздени. Пилатова правдаЗа каква правда ти зборуваш? Не ли не задолжува Бог секојдневно повеќе отколку што можеме да му па...