„Исус му кажа:

Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продаj го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!
Штом ги чу младиот човек тие зборови, си отиде нажален, оти имаше голем имот.”

Најпосле Господ му кажа нова реч, неочекувана и тешка. Постојано гледајќи во центарот на срцето на младиот човек, Господ речта му ja објави.

Иако однапред знаел дека оваа негова реч не ќе може душата на младичот да ja развенча од неговото земно богатство и да ја венча co Бога, Тој сепак тоа му го кажа, колку поради него, толку – и повеќе – поради учениците кои слушаа.

“Ако сакаш да бидеш совршен”.

Тоа e не само влегување во царството, туку и власт во царството. „Оди, продај го имотот cвој.” To ест: оди и покажи се господар над својот имот кој владее co тебе, а не ти co него.

И навистина твојот имот co тебе владее, а не ти co својот имот. Досега твојот имот малку по малку јa купуваше твојата душа и ja предаваше на демонот: сега ти оди, продај го, и дај го на оние што немаат и на кои им e потребенпотребен не како господар, туку како слуга на животот.

Оди и раскини ја опасната и незаконската врска на твојата душа co твојот имот.

Оди и развенчај се.

Оди, ослободи се.

Оди и истргни јa својата душа од притисокот на товарот на земјата, од правот земен, од гнилежот на богаташките уживања, па упати ја до мене.

Без ништо никаде упати ја кон мене. Душата e најбогата кога ништо нема.

Душата e во најголемо друштво кога не e во ничие друштво, освен во моето.

Продај сѐ и дај им на сиромасите.

Сиромаси се оние кои имаат потреба од твоето богатство, не како украс, не како товар, не како господар, туку како насушен леб, како олеснение во животот, како слуга и помошник.

И сѐ што ќе дадеш во материјалното богатство ќе ти се врати во духовното.

Ете, твојата душа e преполна co сиромаси, твоето срце исто така, твојот ум исто така.

На нив богатството ќе им дојде како насушна потреба, кога ти ќе се ослободиш: од богатството кое тебе не ти треба.

Ho зошто Господ го упатува богаташот да го продаде имотот и да им го раздели на сиромасите, a не му вели просто: остави сѐ, не се враќај во својот дом, туку дојди и врви по Мене?

Нели му рече така на оној што сакаше да се врати за да го погребе својот татко:

„Мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти врви пo Мене” (Лука 9, 59-60)!

Ha овој богаташ Господ така не му рекол од две причини:

Прво, ако не го продаде тој својот имот и не го раздели на сиромаси, соседите ќе го разграбаат тој имот или пак од неговите роднини некој ќе го наследи и ќе го снајде истата судбина, ќе падне во истото ропство на богатството во кое сега се наоѓа младичот.

Значи така, или ајдуците или роднините би ги загубиле своите души на тој истиот имот.

Второ, праќајќи го да го продаде и да им го раздели имотот на сиромасите, Господ кај младичот сака да разбуди човекољубие, да предизвика кај него сожалување спрема ближните и да го стави во положба на чувствување духовна радост и наслада од давање, од правење добро дело.

За да го одоброволи младичот ова да го стори, Господ веднаш му предочува вечна награда, вечно благо на небото, каде што молецот не јаде и каде што ајдуци не крадат.

Неспоредливо подобро e она благо што ќе го примиш, од она што ќе го оставиш. Оти што ќе ти помогне сето
твое земно богатство, кога денес или утре ќе умреш?

Тоа за тебе ќе пропадне во овој свет, a ќе те поништи во оној. Богатството, пак, што ќе го имаш на небото, на тебе ќе чека сѐ додека не се разделиш од овој свет, a тоа ќе биде наскоро, и нема да ти се одземе и да се раздели од тебе во вечни векови.

Откако го утеши за привидната штета во овој свет, предочувајќи му ги небесните блага, Господ го повикува младичот: „Врви по Мене!”

Когa ќе се разделиш од сѐ, тогаш co двете нозе и co двете очи врви по Мене.

Вака, co една нога по Мене, a co другата пo своето богатство, не можеш да одиш, ниту пак можеш да гледаш co едно око во Мене, a co другото во својот имот.

He! He можеш да им служиш на два господара.

Пренесено од книгата “Омилии”, Недела триесетта по Духовден, Евангелие за товарот на богатството (Матеј 18, 16-26; Зач. 79)

Свето евангелие според светиот апостол Лука

18:18-27

18. И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?”

19. А Исус му рече: „Зошто ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен еден Бог.

20. Ги знаеш заповедите: не прељубодејствувај, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си.”

21. А тој рече: „Сето тоа сум го запазил од младоста своја.”

22. Штом го чу тоа, Исус му рече: „Уште едно не ти достига: продај сe што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; потоа дојди и врви по Мене!”

23. А тој, кога го чу тоа, се нажали, оти беше многу богат.

24. Штом виде дека тој многу се разжалости, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат богатство?

25. Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.”

26. Оние, што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?”

27. А Он одговори: „Неможното за луѓето е можно за Бога.”

Originalen post ...