31 Недела по Педесетница

„40. Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша,

41. велејќи: „Што сакаш да ти направам?” Тој рече: „Господи, да прогледам!”

„….Но тука станува збор за еден, и тоа за оној’што бил попознат во градот, за Вартимеј. Овој слепец не само што бил слеп, туку бил и сиромав, оти се вели:
„Седеше крај патот и просеше”. Просењето e занимање на голем дел од слепите во светот. Дали може некој да не го види прстот Божји во тоа што меѓу сиромасите најголем e бројот на слепите во светот?
Бидејќи слепиот сам не гледа, него треба што повеќе другите да го гледаат. Така тој служи за жива опомена на луѓето, Божја опомена.
Богатиот слепец кој слепува во своите четири ѕида, e двоен слепец, зашто ниту самиот гледа, ниту пак e гледан, та останува неполезен и за себеси и за другите.
Сиромавиот слепец e принуден да се движи меѓу луѓето заради питање. И така Вартимеј седеше, како и секогаш, крај прашливиот пат и бараше милостиња од минувачите.
„И штом чу дека покрај него врви народ, праша: Што e тоа?” Во тоа време многу народ одеше по Христа. И шумот на одењето на масата го чу Вартимеј co својот изострен слух, којшто, како што e познато, поради слепилото се засилува.
„My кажаа дека минува Исус Назареецот. Тогаш тој извика и рече: