А, Пресвета Богородица многу го сака Акатистот.

&


Затоа, ние заедно со Старецот, напамет го кажувавме додека работевме, два-трипати на ден.

Еве овде имам една книгичка со Акатистот во која на почетокот пишува дека нашата Пресвета Богородица им се јавила на многу свети и им ветила дека оној кој секој ден ќе го чита Акатистот, ќе го чува во овој живот, но и после смртта ќе се застапува за него пред својот Син.

Се разбира, основна е молитвата.

Доколку имаш расположение за неа, не ја прекинувај, таа содржи сѐ.

Доколку молитвата ослабне, тогаш читај го Акатистот.

Пресвета Богородица ја сака и молитвата „Богородице Дево“.

Понекогаш, кога ќе ја изговориш неколку пати, Пресвета Богородица ти дава благост која не може да се опише.

Старец Арсениј Исихаст

Originalen post ...