АДОТ Е ПОЛН СО ЗДРАВИ ЛУЃЕ

Example Super-Admin User · 3 months ago

    4 minutes, 46 seconds


Premin161.162

АДОТ Е ПОЛН СО ЗДРАВИ ЛУЃЕ


Сакам да комуницирам со различни луѓе. Тоа е склоност, особеност на мојот карактер уште од детството, која премина и во пастирската служба. Имам многу маани и недостатоци и како свештеник и како човек, но достапен сум и во постојан контакт со луѓето . Разговарм со нив, допуштам да ми се доближат во парохијата, на улица, насекаде.
          Многу често во пократки или долги разговори со православни и неправославни, верни или неверни, познаници или сосема непознати, го слушам истото во различни верзии: „Најважно е да сме здрави!“, „Да даде Господ, да бидеме здрави!“ или „Оче, знаеш, ништо не е поважно од здравјето!“.
Интересно е што и нашите православни, и тоа мирајни со долгогодишно искуство и духовни плодови, го кажуваат ова спонтано и искрено. Нивниот внатрешен глас обично звучи со надеж, но понекогаш и со очај и воздишка. За нас, кои сме го нашле и поверувале во Христа Спасителот и свесно сме решиле да Го следиме, дали навистина е така? Зарем оваа идеја – фиксација  не е заблуда?
         Дали здравјето како добродетел, дар од Бога и некоја полуосознаена дарба е најважното нешто во нашето пребивање на Земјата? Што ни кажа Спасителот Христос: „Но барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и се ова ќе ви се придодаде“ (Мт. 6,33). Неговото царство - на земјата или на небото, во другите или во себеси. А тоа е поврзано со едно откровение - верата! Зрнце вера, но вистинска вера, пламена, жива, која дава и носи плодови на секој кој се обратил кон Синот Божји.
         Простете ми, но која е ползата да се биде здрав но далеку од Бога?! Каква награда ќе добие тој што се радува на отсуството на болест, а е невнимателен и немарен за спасението на својата душа!
Ете, ова е одлучувачкото, најважното и суштественото. Тоа што ја крие тајната на животот овде и таму. Пеколот е полн со здрави луѓе. Оние кои слушнале за Бога, но дозволиле Неговото живо слово да помине покрај нив, или со насмевка, блага, а понекогаш и потсмев, реагирале на сè што е поврзано со Него. Оние кои се плен на духот на овој свет, прифаќајќи ги правилата на кесарот и заблудите на минливоста. Оние кои се движат по широкиот пат и воопшто не размислуваат за никаква промена, бидејќи тоа ќе ги извади од  личната комфорна зона. Оние кои не сакаат да ги видат знаците од небото и да ги слушнат тивките Небесни ѕвона. Но Тој, во Својата милост и човекољубие, ја почитува нивната слободна волја. Не ги присилува и не ги турка во ниту еден правец, туку како добар татко ги поддржува, па дури и бдее над нив. Но, сите тие кои го исповедаат ова мислење, нема како да се спасат!

Premin161.162.a
            Зашто во Царството Небесно се влегува преку молитва и дела, преку длабока и внатрешна „метаноја“ и непрестајна борба. Непопустлива и страшна борба на два фронта - внатрешен и надворешен, насочена против нашата стара природа и демоните, кои го попречуваат и сакаат да го осуетат секое наше искачување на духовната скала.
Местото во рајот се заслужува. Со жртва од страна на оној кој сака да биде во него и да постигне вечно блаженство и спокој во милоста Божја. Ништо лично за неистомислениците, но тоа се правилата на христијанството. На ова е изградена целата христијанска етика. Да се каже јасно и точно - подобро е да си болен, но верен, отколку да си здрав, но неверен!
         А здравјето, како и сè друго, е дар од Седржителот Христос и само Тој одлучува дали и во кое време да го даде на секој роден од жена. Сите сме во Неговата десница и Тој управува со минатото, сегашноста и иднината на Универзумот и на секој човек поединечно. Затоа, според Неговата сеопфатна промисла, Тој ни испраќа болести и искушенија. Тоа е и смислата на страданијата. Тие се белег за избраните.
           Еден од современите отци на Православието, свети Игнатиј Брјанчанинов, сакал да им повторува на посетителите што доаѓале кај него: „Силните страдања се најсигурниот предзнак дека Бог го избрал човекот!“. Особено телесните и душевните болести и тагите кои ги придружуваат. Тој самиот многукратно страдал, бил врзан за кревет, но на тој начин полека и исповеднички го пробивал патот кон Небесното.
           Колку свети и праведни луѓе имале телесни и душевни немоќи и до последниот здив се бореле со нив, доживувајќи ја сета горчина и непријатност во нивната света служба! Тие го носеа својот крст и го благословуваа Спасителот низ солзи и речиси непопустлива физичка или душевна болка. Оптоварени со дијагнози и утешувајќи се во својата несакана, но прифатена немоќ. Тие покажаа големо смирение пред непоколебливоста на Божјата волја!
          Примерите на св. Апостол Павле, свети Амвросиј Оптински и свети Јован Шангајски или трнливиот и поучен пат на Достоевски, кој до последниот здив страдал од шизофренија и епилепсија - сите тие го благословија Господа Бога и му останаа верни на светото Православие. Ова е „христијанството што лелека“ кое проси и се моли во страдањата и угнетувањата прво за духовна слобода и полнота, а потоа за исцеление. Тоа нема ништо општо со евангелието за просперитет во видливиот и физичкиот свет…
          Отците на минатото сведочат за познати или сосема непознати старци кои, доколку долго време не ги нападнала некоја болест или телесно страдање, сметале дека тоа е знак дека Христос не ги благословил и ги оставил некаде на периферијата на Своето свето внимание.
Затоа, на почетокот и на крајот на секоја проповед мора да си го поставиме прашањето - „За кого дојде Бог? За здравите или за болните на овој свет?“. Затоа што Он е Лекар на душите и телата, а Неговата Црква е вечната Витезда, болница за лекување на секоја болест и немоќ. Да се молиме за здравје, но и за спасение, бидејќи здравјето не треба да стане примарна цел и идеја на верникот, особено на православните.
         Затоа, сите ние, децата на овој болен свет, да погледнеме подлабоко во смислата на нашето битие и да го бараме не безболното, туку душеспасителното во кривулестите патеки на нашето посветено и осветено од Спасителот странствување, затоа што ни претстои да се појавиме пред Неговиот милостив и Страшен суд, на кој ќе треба да дадеме добар и достоен одговор за сè!

Premin161.162.b


Текстот е поместен во списанието Премин, септември/октомври, двоброј 161/162


Автор: отец Јасен Шинев
Извор: богоносци.бг


Превод: Симеон Стефковски

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25348-adot-e-poln-so-zdravi-lugje

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 week ago

Собор на Св. Јoван Крститeл

Собор на Св. Јoван Крститeл  Заради тoа штo главната улoга на св. Јoван сe oдиграла на дeнoт на Бoгoјавлeниe, Црквата oд старини дeнoт пo Бoгoјавлeниe гo пoсвeтила вo нeгoв спoмeн. За oвoј дeн уштe сe пoврзува и случајoт сo раката на Прeтeчата. Eвангeлистoт Лука пoсакал да гo прeнeсe тeлoтo на...

Image Description
1 year ago

Татковци - бидете Татаковци!

Татковци - бидете Татаковци! За теоријата на С. Фројд и воспитанието на нашите деца Олег Владимирович Никифоров      Поминувајќи денес покрај книжарниците не може човек да не се радува. Колку многу би дале за возможноста да ги добиевме тие книги 10-15 години наназад. Се сеќ...

Image Description
1 month ago

ЧУДАТА СОЗДАДЕНИ ОД РАНИ

  ЧУДАТА СОЗДАДЕНИ ОД РАНИ Нашите животи се формираат преку нашите рани. Тоа што го живееме се порази кои сме ги преобразиле во живот или сме ги претвориле во сопствен пекол. Целиот наш живот е битка за да го претвориме и преобразиме мракот во светлина. Да го земеме суровиот хаотичен материјал...