ЗА МИЛОСТА

Услов за спасеиие е да бидеш милостив.

И Бог на твојата милостина ќе биде милостив кон тебе. Ако ти не си милостив кон луѓето – не очекувај милост од Бога. Тоа е првиот услов!

Многу едноставно, нели? Тоа значи – не осудувај, не одбивај да им помогнеш на другите, а себеси стави се на последно место.

Прво другите луѓе, а потоа себеси! И кога парите се во прашање и некои вкусни работи и лебот и крпите – сè!

А најважно е никого да не осудуваш и за никого лошо да не зборуваш. И сите да ги правдаш, на сите да им простуваш, за сите да наоѓаш оправдание!

Затоа Господ ни дарувал разум. He за да разбираме висока математика – тоа не му е потребно на Бога – туку секого да оправдуваме и секому да простуваме. Затоа е создаден разумот.

„Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани” – ништо повеќе.

Тој не бара ниту постови, ниту стоење, ниту бдение – ништо, само милост. За да биде човекот милостив, треба да знае за смирение. Без смирение, без љубов, нема да бидеш милостив.

Тоа е прекрасна низа! Кажи ми ја заповедта за милосрдието, која е?

„Блажени се сиромашните по дух.

Понатаму. Диригенту, кажи ти. „Блажeни се оние што плачат”

Понатаму? „Кротките”. „Гладните и жедните за правда”.

Понатаму? “Милостивите”.

Значи, без смирение и без кротост нема да бидеш милостив, нели? „Гладните и жедните” – тоа е да се сака ближниот и Бог како себе.

Глад и жед. Тоа не е глад за леб. Тоа e глад за љубов кон Бога.

Леб и вода Господ на секого ќе му дарува. Тој знае дека без тоа ние не можеме да го сочуваме нашето тело. Тоа само по себе е јасно.

Затоа, кога молиме леб или нешто вкусно – тоа ни се зема за грев. Бидејќи забораваме дека Господ одлично знае дека тоа ни се неопходни работи – лебот и водата, а во зима и топла вода.

– Никогаш не треба малку да се забавувам? – He. Ти имаш духовна радост.

– Порано имало сè, сите се радувале.

– Да, но тие живееле духовен живот; затоа сите тие телесни и земни утехи не им нанесувале штета. Обиди се сега да добиеш телесна утеха – ние веднаш се забораваме.

– А зошто тогаш при благословувањето се вели: „пченица, вино и елеј”? Се спомнува и вино.

– По Своето милосрдие Господ не го заборава ниту нашето тело, туку и него му дарува утеха – како дар Божји. Он не бара аскеза, не! Тоа ние го бараме за да се приближиме кон Hero, а Он не го бара тоа!

Треба да се јаде co мерка и на крајот да се остави една или две лажици.

– А јас сеногаш се прејадувам.

– Затоа и ќе добиеш казна. Тоа е слаба волја која не знае за љубов кон Господа. Целата тајна на љубовта кон Бога се крие во ова: во воздржувањето кое за мерка има две супени лажици и ништо повеќе.

Остани само малку гладен и само малку жеден.

Јас тука на некого и му раскажував како митрополитот Филарет Дроздов многу постеше. Тој како митрополит 50 години управуваше co Москва и круниса три цара. Александар Први, Николај Први и Александар Втори.

Тој доручкуваше од три чинии и вечераше од три чинии. Можете да замислите? Каде се собираше сето тоа?

При тоа сè co риба, освен во понеделник, среда и петок, без риба. Ќе земе две супени лажици и завршуваше co супата: „Спаси, Господи. Дајте друго”. Co вилушката ќе боцнеше колку да вкуси и го земаше следното. Третата чинија, четвртата, a петтата – слатко.

Филарет многу постеше и многу се воздржуваше и молчеше, иако беше митрополит. И велат дека никогаш утринските и молитвите пред спиење не ги читал без солзи. Ќе се исплаче, па ќе замине.

За Литургија му беа потребни три марамчиња. Без солзи никогаш не служеше. Ете што значи плачот, што значи постот, што значи воздржувањето, што значи јазикот, што значи воопшто односот кон Секадеприсутниот Бог!

– Тој сигурно го измолил плачот.

– Плачот е дар од Светиот Дух. Тој тешко го добиваше. Плачеше посебно за тоа. Поинаку не можеше ниту да живее, ниту да диши. Како што велиме ние, солзите беа негов воздух, а доаѓаа од богоопштењето.

А за да има вистинско богоопштење, носеше, како како што велиме ние, „каменче на јазикот”, вистински сплескано камче.

Подвижниците на различни начини се загревале. Но несомнено тој веќе тогаш ја имал Исусовата молитва. А во старите манастири, покрај другото, го учеле напамет Псалтирот.

И еден од условите за стапување во манастир било – послушникот задолжително да го знае напамет Псалтирот.

Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”

Подготви Мина Даниловска

Повеќе ...