АНГЕЛСКАТА ХИЕРАРХИЈА

Количеството на ангели е безбројно, тие се многу повеќе од сите луѓе и сите се поделени во чинови (редови).

Секој чин има посебна служба и има свое име. Сите чинови на Небесните Сили имаат заедничко име Ангели – во суштина според нивната служба. Господ ја открива Неговата волја на повисоките чинови Ангели, а тие, пак, ги просветлуваат останатите.

Ангелските чинови се поделени на три хиерархии – повисоки, средни и пониски.

Секоја хиерархија е составена од три чина.
Највисоката хиерархија ја сочинуваат:

Серафими, Херувими и Престоли.

Серафими („Пламени“, „Огнени“) (Иса. 6: 2-3) се ангели со шест крилја кои од сите се најблизу до Пресветата Троица. Тие пламтат со љубов кон Бога, и ги поттикнуваат другите кон неа.

&

Херувими („застапници“, „умови“, „пренесувачи на знаење“ (Битие 3:24; Езек 10; Псалм 17:11) – ангели со четири крилја и со четири лица.

Нивното име значи: излевање на мудроста, просветлување, зашто преку нив, кои блескаат со светлината на Богопознанието и разбирањето на Божјите тајни се испраќа премудроста и просветлувањето за вистинското Богопознание.

Престоли (Кол. 1:16, Езек 1: 15-21; 10: 1-17) – Богоносни ангели по благодат. Тие му служат на Божјата правда. На нив Господ седи како на престол и го објавува Неговиот Суд.

Средната ангелска хиерархија е составена од три реда:

Господства, Сили и Власти.

Господствата (Кол. 1:16) владеат над следните чинови на Ангелите. Тие ги поучуваат поставените од Бога земни владетели за мудро да владеат.

Господствата не поучуваат да владееме со чувствата, да ги скротуваме грешните желби, телото да го потчиниме на духот, да господарат над својата волја, да ги победуваат искушенијата.

Силите (1 Пет. 3:22; Рим. 8:38; Ефес. 1:21) ја исполнуваат волјата Божја. Тие прават чудеса и на Божјите угодници им ја испраќаат благодатта на чудотворство и прозорливост.

Силите им помагаат на луѓето во поднесувањето на послушнанијата, ги поткрепуваат во трпението, им даруваат духовна сила и храброст.

Властите (1 Пет. 3:22; Кол. 1:16) имаат власт да ја скротуваат силата на ѓаволот. Тие на луѓето им помагаат во одбивањето на демонските искушенија, ги утврдуваат подвижниците, ги заштитуваат, им помагаат на луѓето во борбата против злите мисли.

Пониската хиерархија вклучува три чинови: Началства, Архангели и Ангели.

Началствата (Рим. 8:38; Ефес 1:21; Кол. 1:16) началствуваат над пониските ангели, насочувајќи ги кон исполнување на Божјите заповеди.

Ним им е доверено управувањето со вселената, заштитата на државите, народите, и племињата.

Началствата ги советуваат луѓето да им оддаваат чест на сите, која одговара на неговото достоинство. Тие ги учат управителите да ги извршуваат службените должности не заради лична слава и придобивки, туку заради честа Божја и за доброто на другите.

Архангелите (1 Сол. 4:16) се небесни учители, ги учат луѓето како да дејствуваат во животот, благовестат за големото и преславно – ги откриваат тајните на верата, пророштвата и разбирањето на волјата Божја, ја утврдуваат светата вера кај луѓето, просветувајќи го нивниот ум со светлината на Светото Евангелие.

Ангелите (1 Пет. 3:22) се најблиски до луѓето. Тие ги објавуваат Божјите намери, ги упатуваат луѓето кон добродетелен и свет живот. Ги чуваат верниците, ги задржуваат да не паднат, ги подигаат паднатите, никогаш не нè оставаат и секогаш се готови да ни помогнат ако посакаме.

Над сите девет чинови, Господ го поставил Светиот Архангел Михаил (неговото име преведено од еврејски значи „кој е како Бог“) (Откр. 12: 7) – верен Божји служител, затоа што тој од Небото го фрлил возгордениот деница со другите паднати духови. А кон останатите Ангелски Сили тој воскликнал:

„Да внимаваме! Да стоиме добро пред нашиот Создател и да не помислуваме ништо неугодно за Бога!”

&

Продолжува

Originalen post ...