Title : Апостол Тома – Покајание за своето неверие!

Апостол Тома – Покајание за своето неверие!

Example User · 3 months ago

„…Меѓутоа, постои и една подлабока причина поради која Тома не се удостоил првиот ден да Го види Христа. Тома, како што толкува блажени Теофилакт, бил колеблив и го сметал за невозможно Христовото Воскресение.

Значи, немал достигнато соодветна внатрешна духовна состојба за да Го види Воскреснатиот Христос.

Претходно веќе нагласивме дека Христос им се јавувал на оние кои се наоѓале во таква состојба, при која тоа јавување дејствува спасително, а не пеколно.

Тома изгледа немал достигнато духовна зрелост каква што барал овој настан.

Впрочем, Христовото чекање цела седмица за да се јави, ја имало за цел неговата душевна подготовка.

Христос одлагал толкав временски период да го посети, затоа што требало да биде катихумен кај неговите соученици, да биде поучуван во тајните на јавувањето, за да се развие голем стремеж, но и да изрази покајание за своето неверие, за да дејствува спасително Христовото јавување.

Откако Тома соодветно се подготвил, и тој станал богослов при Христовото јавување и исповедал: Господ мој и Бог мој (Јн. 20, 29).

Овие зборови ја покажуваат неговата сигурност за двете Христови природи и за едната Личност, бидејќи Господ ја означува човечката природа, Бог ја означува Божјата природа, а тие две се соединети во Воскреснатиот Христос (блажени Теофилакт).

Така, значи, Тома не бил неверен во смисла на атеист, туку неверен во смисла дека не бил во состојба да ја прими верата од созерцание.

Прво, голем временски период минал во верата no слушање, а потоа достигнал во верата по созерцание.

Постои јасна разлика помегу атеистот, кој е и антитеист, и неверниот или колебливиот во смисла дека има вера по слушање, но не вера по созерцание.“

Јеротеј Влахос

Пренесе М. Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2020/04/23/17790/

Related Posts

Image Description
6 months ago

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ГАВРИЛ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ СВЕТОГОРЕЦ

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ГАВРИЛ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ СВЕТОГОРЕЦ УТРЕНА На Бог Господ, тропар на празникотː Раѓањето Твоеː двапати. Слава, тропар на светителот, глас 8ː Голем украс на епископите; убавина на светителите; правило на монасите, слава на пустиниците; дарител на милост; светилник во расудувањето; от...

Image Description
1 month ago

Отечки изреки (3)

Не барај совршенство во законот на човечките добродетели, зашто тој не е совршен во нив. Неговото совршенство е сокриено во Крстот Христов. свети Марко Подвижник Не чуди се што паѓаш секојдневно; не предавај се, туку застани храбро. И со сигурност ангелот што те пази, ќе го почести твоето трпение. с...

Image Description
1 year ago

Кога со блудницата се прегрнуваше не се срамеше, а кога тргна да се покаеш, се срамиш? (Св. Јован Златоуст)

Беседа на Св. Јован Златоуст -прв дел) Слушај внимателно. Срамот не отстапува од гревот, а со покајанието храброста е споена. Добро размисли за тоа за што говорам. Сотоната го пореметил тој поредокот па со гревот ја здружил храброста а со покајанието, срамот. Па дури и до ноќта да трае, нема да прес...