Title : Бесчувствителниот монах е безумен философ…(Лествица)

Бесчувствителниот монах е безумен философ…(Лествица)

Example User · 3 months ago

Свети Јован Лествичник – Слово седумнаесето од „Лествица“ (извадок)
ЗА НЕЧУВСТВИТЕЛНОСТА , ОДНОСНО ЗА УМРТВЕНОСТА НА ДУШАТА И СМРТТА НА УМОТ ПРЕД СМРТТА НА ТЕЛОТО

Бесчувствителниот монах е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе,
адвокат кој ја застапува противничката странка,
слепец кој учи како да се гледа .

Тој зборува за лечење на рана, а не престанува да ја чеша својата;
зборува против страстите, а не престанува да јаде штетна храна;
се моли против својата страст, а ита да ја задоволи;
се лути на самиот себе и не се срами од своите зборови, бедниот!

„Не правам добро!“, возвикнува и усрдно продолжува со истиот грев;
со устата се моли против гревот, а со телото се бори за него;

мудрува за смртта, а живее како никогаш да нема да умре;

воздивнува заради разделбата на овој свет, а дреме како да е вечен;
расправа за воздржанието,

а мисли само на тоа како да му угоди на стомакот;

чита за Страшниот Суд, а почнува да се смее;

чита за суетата, а со самото читање ја храни својата суета;

нашироко расправа за бдеењето, а самиот веднаш тоне во сон;

ја фали молитвата, а бега од неа како од камшик;

послушанието го смета за блажено, а самиот е прв непослушен;

ги фали оние на кои не им е значајно ништо земно,
а самиот не престанува да се одмаздува и кара заради еден партал.

Кога ќе се налути станува огорчен , па заради своето огорчување повторно се лути и додавајќи пораз врз пораз не чувствува што прави.

Кога ќе се најаде се кае, ама малку повеќе повторно јаде;
го прославува молчењето, но го фали со многу говорливост;
учи на кротост, а и при самото поучување често се гневи,
па потоа повторно се гневи на своето огорчување;
ќе се отрезне, ќе воздивне, климнува со главата и пак им сe подава на страстите.

Смеата ја куди, а за плачот зборува смеејќи се;
се жали пред луѓето на своето славољубие, а со тој прекор сака да стекне слава; страсно гледа во женските лица, а зборува за целомудрие;
ги фали тихувателите – живеејќи во светот
и не забележува дека со тоа самиот себе се посрамува;
ги слави милостивите луѓе, а ги навредува просјаците.

И се` што прави, прави на своја осуда, а не сака – да не речам дека не може – да си дојде на себе.

Сум видел многумина такви луѓе кои плачеа слушајќи за смртта и Страшниот Суд.
Но солзите уште не им се исушија, а брзо трчаа на трпеза.

Се зачудив како таа господарка – срамната страст – зацврстена со долготрајната бесчувствителност, може да го победи и плачот…

Source: https://pokajanie.mk/2020/04/26/27449/

Related Posts

Image Description
3 weeks ago

Отворен новиот Археолошки музеј на Македонија

   Недела, 19 Октомври 2014 15:27Е-пошта Печати PDFПо повеќе од 30 години, Република Македонија со новиот Археолошки музеј доби најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет...

Image Description
2 years ago

Цветници во Виница

Детали Родителска категорија: Вести Објавено: 02 Април 2018 Посети: 415 Цветници во Виница На 01. 04. 2018 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, отслужи Света Архие...

Image Description
2 years ago

Најдобриот воспитувач

by admin · 30/11/2017 Еден вид на катехизис, во кој преку многу примери од житијата на светиите, од делата на Светите отци, преку примери од секојдневниот живот, ни се образложени основните вистини на нашата православна вера и православно живеење. Преводот од српски го нап...