Title : БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ДУШАТА – СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ДУШАТА – СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

Example User · 3 months ago

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ДУШАТА – СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

+++

Секој што сака постојано и темелно да ја истражува својата душа, во неа ке види болест на БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ, ќе види колку е важна и тешка таа бесчуствителност и ќе сфати дека таа е пројавување и сведоштво на мртвилото на духот.

Каква душевна здодевност не обзема кога сакаме да читаме од Словото Божјо!

Како ни се чини нејасно, неважно и чудно сето она што го читаме. Колку би сакале што побргу да се ослободиме од читањето!

Зошто?
Бидејќи не го чувствуваме Словото Божјо. Каква рамнодушност чувствуваме кога ќе застанеме на молитва! Како само брзаме да го завршиме нашето површно молење, исполнето со расеаност!
Зошто?

Бидејќи се отуѓивме од Бог: веруваме во Божјото постоење со мртва вера, за нашите чувства Он не постои.

Зошто заборавивме на вечноста? Зарем сме исклучени од бројот на оние што треба да стапат во нејзината бескрајна област?

Зарем не ни претстои смрт, како и на другите луѓе?
Зошто?

Бидејќи со сето свое битие се прилепивме за материјалното, никогаш не размислуваме за вечноста, го загубивме нејзиното скапоцено претчувство и стекнавме лажно чувство во врска со нашето земно странтствување, кое земниот живот ни го претставува како бесконечен.

Ние толку многу сме заведени со тоа лажно чувство, што во склад со него го уредуваме целото наше дејствување, принесувајќи ги способностите на душата и на телото на жртва на пропадливост и не се грижиме за другиот свет што не очекува, иако, секако треба да станеме вечни жители на тој свет.

Зошто од нас како од извор се излеваат празнословието, смеењето, осудувањето на ближните и потсмевот?

Зошто, без да се оптоваруваме, многу време поминуваме во празно веселење и не можеме да се заситиме, па се трудиме едно суетно занимање да го замениме со друго, не сакаме ниту малку време, да посветиме на разгледување на своите прегрешенија и плачење заради нив?

Бидејќи стекнавме наклонетост за грев, за се што е суетно, за се што внесува грев во човекот и со што се храни гревот во човекот: бидејќи ја загубивме склоноста за сите занимања кои воведуваат во човекот и кај него ги намножуваат и ги чуваат Богољубените добродетели.

Непријателскиот свет на Бог и паднатите ангели во душата засадуваат бесчувствителност, преку содејство на нашата слободна волја. Кога бесчувствителноста ќе се скамени во душата и кога ќе стане нејзина особина, тогаш светот и неговит е господари го удираат својот печат на каменот.

Некои кои не се занимаваат со душевно дејствување, или сосема малку се занимаваат со него, туку се занимаваат само со телесното и тоа не без примеси на фарисејство (бидејќи дејствувањето кое е само телесно не може да помине без фарисејство), воопшто не чувствуваат грижа на совеста и не ги чувствуваат нејзините прекори заради грешноста, па затоа таквата своја состојба на спокој ја сметаа достојна за пофалба.

Во таквото свое мислење тие се потпираат
на многу свои јавни ДОБРИ ДЕЛА и човечки пофалби.
Врз основа на ова тие ваквата своја состојба на спокој ја сметаат како директна последица на Богоугодното дејствување и беспрекорниот живот исполнет со добродетели.

Нивното спокојство повремено се претвора во нагонска радост: тие не се стеснуваат таквата радост да ја сметаат за благодат.
Тажно самозалажување!

Душепогубна заслепеност! Самозалажувањето овде е засновано на умисленост, а умисленоста е повреда на ДУХОВНОТО ОКО, која настанала како резултат на неправилно дејствување, а раѓа уште понеправилно дејствување.

Возљубен брате, спокојството со кое се уверуваш во правилноста на својот пат, не е ништо друго, туку недостаток на совест за својата грешност и чувство на грешност, кои потекнуваат и произлегуваат од немарниот живот, а радоста која во тебе повремено се јавува заради надворешниот успех и човечките пофалби, никако не е ДУХОВНА и света радост: таа е плод на гордост, самозадоволство и суета – бесчувствителност, умртвување на душата, смрт на умот пред смрт на телото.

Бесчувствителноста или умртвеноста на душата се состои во одземање и отстапување на сетилото за покајание и плач од нашиот дух , како и отстапување на спасоносната немоќ, која се нарекува СМИРЕНОСТ, од нашето срце.

Кога ја нема таа немоќ на срцето и кога човекот живее во умислено спокојство, тогаш тоа сигурно е обележје на неправилен начин на размислување, неправилен подвиг, самозалажување.

„ Колку и да живееме возвишено – рекол Свети Јован Лествичник – ако не сме стекнале скрушеност на срцето, тогаш тој живот е лажен (привиден) и суетен“.

Недостатокот на скрушеност потекнува од невнимателниот живот, од излегувањето од келијата кога не е време за тоа, од неправовремени разговори, шеги, смеи, празнословие и зборливост, од јадење и прејадување, од пристрасност, од примање и усвојување на суетни помисли, гордост.

Состојбата на бесчувствителност е толку важна за нашиот невидлив непријател, што тој на секој начин се труди да не задржи и да не утврди во таквата сосотојба,
невознемирувајќи не со други страсти ниту со надворешни искушенија , бидејќи гордоста и самозадоволството, кои вообичаено се последица на закоравената бесчувствителност, се доволни да ни ги земат сите духовни плодови и да не одведат во пропаст.

Бесчувствителноста е уште пострашна, бидејќи оној кого го обзела не сфаќа во каква бедна состојба се наоѓа: тој е заведен и заслепен со гордост и со самозадоволство.

&

Source: https://pokajanie.mk/2020/04/23/27413/

Related Posts

Image Description
5 months ago

Пуштете го злото! (Старец Порфириј)

НЕ СТАНУВАТЕ СВЕТИ СО ГОНЕЊЕ НА ЗЛОТО! „Ако доброто го споредиме co цветна градина полна co цвеќиња, дрвја и растенија, злото го споредиме co трње, а силата co вода, тогаш може да се случи следново: Кога водата ќе ја насочиме кон цветната градина, тогаш сите растенија се развиваат, зеленеат, цветаат...

Image Description
3 months ago

Бесчувствителниот монах е безумен философ…(Лествица)

Свети Јован Лествичник – Слово седумнаесето од „Лествица“ (извадок) ЗА НЕЧУВСТВИТЕЛНОСТА , ОДНОСНО ЗА УМРТВЕНОСТА НА ДУШАТА И СМРТТА НА УМОТ ПРЕД СМРТТА НА ТЕЛОТО Бесчувствителниот монах е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката стр...

Image Description
8 months ago

А, Пресвета Богородица многу го сака Акатистот… (Старец Јосиф Исихаст)

А, Пресвета Богородица многу го сака Акатистот. & Затоа, ние заедно со Старецот, напамет го кажувавме додека работевме, два-трипати на ден. Еве овде имам една книгичка со Акатистот во која на почетокот пишува дека нашата Пресвета Богородица им се јавила на многу свети и им ветила дека оној кој...