Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла, и дека без Бог вистински не ни постоиш и во духовна и во материјална смисла! Тоа може да се случи на два начина: или кога со неисполнување на Божјите заповеди, односно кога со неправилен духовен живот, човек сосема ќе се одголи од Божјата благодат; или кога со правилен духовен подвиг човек го достигнува обожението. Првото е да се види себеси расчовечен, а второто е да се види себеси (колку што може) во споредба со Божјото совршенство.

Originalen post ...