СЕЌАВАЊЕ HA БОГ

• Свети Исак Сирин:

„Кому поучувањето му е постојано во Бог, тој ги протерува демоните од себе и го искоренува семето на нивната злоба. Се весели срцето во откровенијата кај оној, кој постојано внимава на својата душа.

Оној кој погледот на својот ум го насочува во себе, ја гледа во себе зората на Духот. Оној, кој се гнаси од секое заскитување (расеаност), Го гледа Владиката во внатрешната одаја на своето срце…

Небото е во тебе, ако бидеш чист, и во себе ќе ги видиш Ангелите co нивната светлина, и co нив, нивниот Владика…

Страстите се истеруваат и искоренуваат co постојано поучување во Бог: тоа е меч кој ги убива. Оној, кој сака да Го види Господа во себе, се труди да го исчисти своето срце co постојано сеќавање на Бог: на тој начин, тој co светлите очи на умот секој час ќе Го гледа Господа.

Она што и’ се случува на рибата кога ќе биде извадена од вода, тоа му се случува на умот, кога ќе излезе од сеќавањето на Бог и блудничи по светските спомени…

Страшен им е на демоните, а драг на Бога и на Ангелите Негови, оној кој ноќе и дење co пламена ревност Го бара Бог во своето срце и го искоренува во него подникнатиот коров на ѓаволот.

Без постојана молитва невозможно е да My ce приближиме на Бог”.

• Некој монах му рекол на преподобен Сисое Велики:

,Јас се наоѓам во постојано сеќавање на Бог”.

Преподобен Сисое му одговорил: „Тоа не е ништо големо; големо ќе биде кога себеси ќе се сметаш за полош од секое создание”.

Постојаното сеќавање на Бог е возвишено занимање!

Но таа висина е многу опасна кога лествицата кон неа не е ставена на стабилниот камен на смирението.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од

Подготви: М. Даниловска

Повеќе ...