Title : Блажен е човекот, кој плаче пред сѐ свето, евангелско, Божјо …(Преподобен Јустин Ќелијски)

Блажен е човекот, кој плаче пред сѐ свето, евангелско, Божјо …(Преподобен Јустин Ќелијски)

Example User · 7 months ago

Блажени се оние кои плачат за повеќе добрина во луѓето и меѓу луѓето, бидејќи малку ја има;

кои плачат за повеќе љубов, зашто и неа малку ја има;

кои плачат за повеќе правда, затоа што и од неа има малку.

Блажени се сите кои плачат за повеќе вистина, за повеќе молитви, за повеќе пост, радост, милосрдие во луѓето и меѓу луѓето.

Блажени се оние кои плачат за повеќе светлина,

за повеќе бесмртност, за вечност, за повеќе ангели,

за повеќе од сѐ Божјо во луѓето и меѓу луѓето.

&

Блжени се, бидејќи додека плачат – благиот Утешител, Светиот Дух:

Духот на Вистината, Духот на Вечноста,

Духот на Правдата, Духот на Љубовта,

Духот на Радоста, Духот на Бесмртноста,

Духот на Светлината невидливо врз душите на расплаканите ја разлева и Светлината, и Вистината, и Правдата, и Љубовта, и Радоста, и Бесмртноста, и Вечноста.

&

Блажен е човекот кој за време на молитвата кон Пресвета Богородица ќе заплаче од радосно умиление затоа што постои Таа – чудесната Молитвеничка за целиот човечки род и семилостивата Помошничка во секоја мака и неволја.

Блажен е човекот кој ќе заплаче од радосното чувство дека постои толку прекрасен, толку човекољубив, толку семилосрден Спасител на светот како што е Господ Христос.

Блажен е човекот кој ќе заплаче од радост што околу себе има толку илјади свети сведоци за Христовата Благавест.

Блажен е човекот кој плаче од радост затоа што постојат многу луѓе кои живеат според Божјите заповеди, и зашто има тајни евангелски дела, подвизи, расположенија.

Блажен е човекот кој плаче од молитвена благодарност затоа што чудесниот Богочовек ја создаде Црквата од ангели и луѓе, и им дозволи да живеат заедно како браќа.

Блажен е човекот кој плаче од умиление пред скромноста, милосрдието, човекољубието, страдањето, пред трпението на кроткиот Господ Исус.

Блажен е човекот кој во молитвата ќе заплаче трогнат од страдањето на некој маченик или од подвигот на некој светител.

Воопшто, блажен е човекот, секој човек, кој плаче пред сѐ свето, евангелско, Божјо..

Преподобен Јустин Ќелијски

Source: https://pokajanie.mk/2019/12/22/25429/

Related Posts

Image Description
2 years ago

МОЛИТВА НА БОЛЕН КОН ГОСПОДА

Господи Исусе Христе, Спасителу наш, Ти слезе на земјата од преголема љубов за да ги спасиш грешниците; Ти co Твојата милостива рака ги излекува болестите и слабостите на сите што ја побараа Твојата помош, им го врати здравјето и им подари нов живот. Премилостив наш Господи, преголемо е Твоето чове...

Image Description
3 weeks ago

Молитва на света Ана

Света Ана е надеж на неплодните и на оние кои не можат да родат. И таа заедно со нејзиниот сопруг светиот Јоаким со горешти молитви, солзи, постојани молби го умолија Бога да им даде дете. Конечно, Бог ги слушна нивните моитви и во 69 година од животот се удостои да стане...

Image Description
2 years ago

За новиот човек – Иван Иљин

Современиот свет се движи во пресрет на духовна обнова. За мнозина, сето ова сѐ уште се наоѓа под превез: едни – затоа што не ги одживеале своите стари заблуди продолжувајќи истите да ги сметаат за „последен збор“ на животот и правдата; други пак – затоа што страдањата и лишувањата на нашата епоха...