…Св. Григорије Двојеслов, нарекувајќи го човекот дрво кое што по плодовите негови се препознава, вели:

„Покајанието може да се препознае по плодовите, а не по лисјето или по коренот, зашто и Господ го проколна дрвото кое што имаше лисја, но беше јалово.“

Тој не прифаќа исповед само на зборови, без плодови, зашто тогаш тоа е само измачување на телото.

Овие гревови се често присутни и кај црквените и побожни луѓе Пред се`, ова се однесува на Богохулното бунтување кон Бога, поради, божем, Неговиот немилосрден однос кон човекот, поради страдањата кои што на човекот му личат на претерани и незаслужени.

Понекогаш тоа достига до хулење врз Господа, на црквените светињи и на Светите Тајни.

Тоа често се огледува и во непристојните разговори или навредливите приказни од животот на свештенослужителите и монасите, во потсмешливото – иронично цитирање на поедини фрази од Светото Писмо или молитвеникот.

Особено е распространет обичајот на заколнување во Бога и спомнување напразно на Името Божјо или Името на Пресвета Богородица.

На човекот му е многу тешко да се одвикне од навиката овие свети Имиња да ги употребува во селојдневниот разговор како извици кои се користат со цел на фразата да и` се придаде поголема важност:

„Фала на Бога….“ „Господ да чува…“,… „ О, Боже, и други слични изрази.

Уште пострашно е да се изговара Името Божје во шеги, а исклучителен страшен грев прави оној кој ги користи светите зборови во гнев и во кавга заедно со псовки и навредување.

За намерното или ненамерното „случајно“ упатување пцост на Бога и кон Светиите и да не зборуваме.

Богохули и оној кој што кај другите се заканува со гневот Господов, независно дали му се тоа непријатели, или пак во молитва ГО МОЛИ Бога да казни друг човек.

Голем грев прават особено родителите кога во голем гнев ги проколнуваат сопствените деца и им се закануваат со казна на небото.

Повикување нечисти сили (пцости со ѓаволот) во гнев или во обичен разговор, исто така е грешно.

Треба со големо внимание и многу одлучно да се бориме против овие БОЛЕСТИ, поинаку, не може ниту да стане збор за духовно оздравување.

Запоставувањето на црквените богослужби се манифестира во недостаток на желба од Светата тајна Евхаристија – долготрајно лишување на себе си со Причестувањето со Телото и Крвта Христова, а за тоа да не се причина некои оправдани, неповолни околности, но и нељубовта спрема службата Божја.

Луѓето често се правдаат со презафатеноста со секојдневни работи, со тоа што живеат далеку од храмот, со должината на Богослужбата, неразбирањето на црквената служба… Овој грев се огледува и во непознавањето на основните молитви:

Символот на верата, Оче наш, Исусовата молитва… и што е најважно – отсуство на интерес сето тоа да се разбре!!!

(Од „Покајанието – Патот во царството Божјо“ – Старец Филотеј Зервакос)

превод: Мина Даниловска

Повеќе ...