Title : Богородица e вистински исихаст…!

Богородица e вистински исихаст…!

Example User · 7 months ago

THEOTOKOS GERONTISSA

Еве ти мајка. (Јован 19, 26)

……

Живеејки co исихастички начин на живот Богородица “стекнала обожение преку благодатта и станала граница помеѓу создаденото и несоздаденото.”

При самото Нејзино доаѓање во храмот ја придружувале девојките од Нејзиниот род co факели во величествена поворка.

Kora првосвештеникот и’ рекол: “Чуј, ќерко, погледни, приклони го увото твое и заборави го Твојот народ и домот на таткото Твој! Зашто Царот ja посака Твојата убавина, oти Oн e Твој Господар и поклони My ce тогаш Ти (Пс. 45, П-12).”

Таа, слушајки го ова, скромно истапила, се качила, и веднаш сѐ напуштила, родителите и хранителите, врсничките, па отишла од придружникот и потполно сама, радосно, му пристапила на архиерејот, погледнувајќи го умилно и благонаклоно, и co Својот детски говор го потврдила Своето совршено препуштање на Бог.”

Веќе како тригодишно дете Го поставила Бог над cѐ. He наоѓајќи радост во ништо земно, влегувајќи во Светињата на светињите, “ги пренела очите на умот од видливото кон невидливото, издигнувајќи се над природните потреби и сетилните наслади.”

Според учењето на свети Григориј Палама, многу години живеејки во храмот, Taa co подвиг се борела против сите задоволства, т.е. замки кои доаѓаат од ѓаволот, a ангел и’ носел небесна храна.

Наоѓајки се на тој начин таму, како да живеела во рајот, и на највозвишеното место на земјата, односно како во небесните дворови, оти храмовото светилиште е нивно обличје, Таа пребиваше овде водејќи живот во подвиг, непоматен, без грижи и жалости, немајќи ништо co ниските страсти, живот повозвишен од насладите кои не се лишени од болка, живеејќи само за Бог, чувана од Бог Кој преку Неа пребива меѓу нас и Самата во потполност пазејќи само на Бог, и насладувајќи се co Бог, и непрестајно посветувајќи My ce.”

Слушајќи ги секоја сабота читањата Мојсееви и на другите пророци, и проучувајќи ги Писмата, ja познала вистината за создавањето и длабочината на човековиот пад, и дека сѐ создадено сѐ повеќе се оддалечува од Создателот.

Затоа, сожалувајќи се над сите луѓе размислувала за лекот co кој би можело да се излечи таквото страшно страдање.

Обраќајќи се co целиот Свој ум кон Бог „ја презеде на Себе обврската поради нас да Го присили Оној, Koro ништо не може да Го присили, брзо да се доближи до нас, за Самиот Тој да го отстрани проклетството и да го запре ширењето на огнот кој ја спалува душата, да го ослабне противникот, да ни подари благослов, да ја распламти таинствената Светлина, да ја исцели болеста и co Себе да го соедини созданието.”

Избирајќи живот невидлив за другите, ослободувајќи се од телесните окови, Богородица се издигнува над сожалувањето кон телото, собирајќи го умот, сосредоточувајќи се кон Себе co вниманието и непрестајната молитва.

Воздигнувајќи се над помислите и станувајќи целата Своја, Таа го воспостави духовното молчание на умот, го наткрили сето создадено, ja виде Славата Божја и беше посветена во Божествената благодат која претставува свето созерцание сo ова највисоко созерцание, Таа „достигна највозвишено совршенство и единствена меѓу сите од памтивек се соедини co Бог и се вподоби на Бог, исполнувајќи и окончувајќи ја заради нас оваа натприродна задача.”

Според свети Григориј Палама, Богородица e вистински исихаст.

На ваков начин, служејќи се co овој метод, Таа стекна обожение по благодат преку благодатното

дејствување на Бог во Неа, оти никој сам, само преку својот човечки труд, не може да стекне соединување co Бог.

Умот којшто лута по сетилните рзботи „повлекувајќи се од Бог, e болен и тоа e во суштина човековата болест. Најпрвин треба да се излекува умот: да се ослободи од своето ропство кон создаденото и да биде ослободен од сите впечатоци на создадените твари.

Мора да постои заборавеност на нештата “под”, да се одложат на страна сите поимања (концепции, сфаќања), за да се влезе во нештата “над”.

Ова се вика исихија на умот или уште се нарекува “пат на исихијата” или света исихија.

Стекнувајќи здравје на душзта преку светата исихија, личноста се стекнува co гледање на Бог преку Koгo ce обожува. Служејќи се co овој метод, се ослободуваме од пониските твари и се свртуваме кон Бог.

Нашзта Панагија (Пресвета) се служеше токму co истиот овој метод, според свети Григориј Палама…”

&

Пренесено од списанието “Премин” Ноември/Декември 2012, двоброј 85/86 Монахиња Анастасија

Source: https://pokajanie.mk/2020/01/03/25695/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Потешко ни беше да бегаме (14.04.2018 09:01)Деца, денес го чествуваме денот на жените мироносици. Кога би ве прашал, сега, што би издвоиле вие, кои повеќе или помалку го знаете нивното житие, како најкарактеристично од севкупниот нивен подвиг во служењето на Богочовекот Христос, што би м...

Image Description
1 year ago

Дадeн ни е oвoј кратoк зeмeн живoт какo училиштe и испит- Свети Алексиј човек Божји

РАСУДУВАЊE Зoштo смe ниe oвдe на Зeмјава? Да ја пoкажeмe свoјата љубoв кoн Бoга. Да сe научимe да Гo љубимe Бoга пoвeќe oткoлку грeвoт. Сo нашата мала љубoв да oдгoвoримe на гoлeмата Бoжја љубoв. Самo љубoвта Бoжја e гoлeма љубoв, а нашата сeкoгаш e мала. Бoг дoвoлнo ја пoкажал и ја пoкажува Свoјата...

Image Description
3 years ago

Полска Православна Црква

ПОЛСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА КРАТКА ИСТОРИЈА На територијата која денес влегува во составот на современа Полска, христијанството се појавило од разни страни: од Големото Моравско кнежевство, од Германските земји и од Киевска Русија. Најверојатно е дека полските земји дошле во допир со христијанството по...