БОЛНИ ЛЕКУВАЈТЕ, ЛЕПРОЗНИ ОЧИСТУВАЈТЕ

Example Super-Admin User · 3 weeks ago

    4 minutes, 17 seconds


TViTer589

БОЛНИ ЛЕКУВАЈТЕ, ЛЕПРОЗНИ ОЧИСТУВАЈТЕ

TViTer588

Денес, 1 (или 14) ноември го славиме споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан - нашиот патрон празник. Светите Козма и Дамјан биле лекари кои лекувале бесплатно или луѓе  бесребреници. Како и другите свети луѓе - Кир и Јован, Пантелејмон и Ермолај и многу други - тие работеле како лекари без да земаат пари за тоа. Во својата работа, тие го комбинирале медицинското  искуство позајмено од грчката наука, од Хипократ и Гален, со верата во Бога и пламениот оган на евангелската праведност. И оваа комбинација на медицинско искуство и вера ги направила нивните дела извонредни. Тоа им дало неверојатни сили.
Знаеме дека и подоцна - во наше време имало такви лекари како Свети Лука, Архиепископ Кримски и Симферополски, кој, следејќи ги стапките на овие древни светители и патрони на нашиот храм, исто така ги комбинирал во својата работа модерната медицинска уметност, медицинската наука (беше професор и автор на многу книги за гнојна хирургија) со пламена вера и најчисто исповедање на православието, со тој посебен евангелски пат, со таа особена посветеност на евангелскиот пат, што е карактеристична за светителите.
Впрочем, смислата на подвигот на светите Козма и Дамјан е прекрасно изразена во денешното евангелско четиво, во кое Самиот Господ Исус Христос им порачува на Своите ученици: „ болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте! “ (Мат. 10:8). Бесребрениците бесплатно им ја даваат на оние околу нив благодатта добиена од Бога. Тие ги исцелуваат болните.
Ве повикувам, браќа и сестри, да размислиме за значењето на зборот „исцелува“ - „θεραπεύετε“. Излегува дека тоа воопшто не значи само „исцелува“! Тој значи и „грижи се, заштити, зачувај“. И пред се „служи“. Христос нè повикува не само да ги лекуваме луѓето кои се болни, туку и да им служиме, да ги поддржуваме, да се однесуваме со почит и љубов кон нив - токму тоа значи зборот „исцели“.
Можеби ние не сме го добиле дарот на исцелување, но Господ ни го дал дарот да се однесуваме кон страдањата со љубов и почит, дарот да служиме. Колку е важно, браќа и сестри, да го користиме овој дар!
„Лепрозни очистувајте “. Страшната болест лепра го уништува човекот. За време на животот скапува, за време на животот се претвора во мртовец, надворешно станува грд, а внатрешно зол и грд. „ Лепрозни очистувајте “, вели Христос. Колку е тешко да му служиш на болниот кога неговиот изглед е толку изобличен, кога е толку злобен, кога е исполнет со толку лоши чувства кон целиот свет и кон нас! Меѓутоа, Христос вели: „ Лепрозни очистувајте “.
Можеби немаме дарба да лечиме лепра, но можеме да им служиме на луѓето кои се внатрешно и надворешно обезличени од некоја од ужасните современи болести - тоа е она што Господ нè повикува да го правиме. Да им служи дури и на оние луѓе кои се толку изобличени од болести и страдања што веќе не личат на луѓе.
Сигурно не е помалку важно и тоа што  сме должни да си помагаме еден на друг за да ги надминеме сопствените стравови. Пред се, од стравот од смртта. И од сите други стравови, од сите останати стравови. Дарот да им помагаме на оние околу нас да ги надминат своите стравови е неверојатен дар даден на секого. Колку е важно, браќа и сестри, да ги користите овие дарови!
„Бесови изгонувајте“, им вели Господ на Своите ученици. „ Бесови изгонувајте “, им вели Господ на светите Козма и Дамјан. „ Бесови изгонувајте “, му вели Господ на секој од нас. Макар што не ни е даден некој посебен дар, зборот и зависта се нештата преку кои кнезот на овој век дејствува во светот! Ова е она од што можеме да се избавиме, од што можеме да се ослободиме и за што треба да си помагаме.
Тогаш ќе го следиме патот што ни го покажа Самиот нашиот Господ Исус Христос. Ќе го следиме патот што го следеа светите бессребреници и чудотворци Козма и Дамјан и многу други светители, древни и современи - светители на 20 век, маченици и исповедници кои беа прославени во август оваа година на Архиерејскиот собор на  Руската православна црква.
„ Болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте “ - ова е неверојатната програма што ни ја предлага Господ. Да се трудиме, браќа и сестри, подражавајќи ги нашите свети небесни патрони. Да се трудиме како што се труделе и се трудат  христијаните речиси два милениума, бидејќи со овие дела стануваме дел од Светото Предание, кое не поврзува нас, православните христијани од различни генерации, од различни епохи, од различни земји и народи, со различни боја на кожа, во црквата Христова, над која нема да надвладеат портите на пеколот. Ајде да размислиме за тоа денес.
Но, од каде да најдеме сила? Нашите сили се многу мали. И тоа ни го открива Бог денес за време на Божествената Литургија преку апостолското читање, преку зборовите на светиот апостол Павле, кој денес ни зборува за љубовта.
Апостолот ни кажува дека постои неверојатен дар од Бога што нè менува, што нè преобразува - тоа е љубовта која е долготрпелива и полна со добрина, која не завидува, која не се превознесува, која не се гордее, не прави што е непристојно , не бара свое, не се срди, не мисли зло,
на неправда не се радува, а на вистина се радува, (сп. 1. Кор. 13, 4-6). „И оваа љубов“, вели светиот апостол Павле, „никогаш не престанува“ (сп. 1. Кор. 13,8). Ако живееме во љубов, ако се трудиме да си дадеме љубов еден на друг, тогаш ќе ја стекнеме потребната сила за да одиме по патот што го зацртал нашиот Господ во 10-то поглавје од Евангелието по Матеј, кое беше прочитано денес за време на Божествената Литургија. Тогаш секогаш ќе живееме во благодатта Божја. Тогаш, како големите светители чиј спомен го славиме денес, ќе ја видиме Христовата светлина и ќе ја живееме Неговата праведност. Господ нека не чува и благослови!

Беседа се одржа во црквата „Св. Бессребреници Козма и Дамјан “, во Шубино, Москва, на 14 ноември 2000 година.

TViTer587
Автор: отец Георги Чистјаков

Извор: chistiakov.ru / bogonosci.bg


Превод: Симеон Стефковски

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25422-bolni-lekuvajte-leprozni-ochistuvajte

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 year ago

НЕКА ТИШИНАТА ТИ ЗБОРУВА

 НЕКА ТИШИНАТА ТИ ЗБОРУВА Понекогаш тишината е најдобрата молитва со која можете да се молите кога немате зборови и кога вашето срце страда. Застанете во молитва и замолчете. Дури и стоењето пред Бога е манифестација на волјата и љубовта кон Него. Не се вознемирувајте дури и ако не можете да ка...

Image Description
4 months ago

о. Стивен Фримен – Аскетизам и нормалност

Секогаш ми се чини дека наидувам на два вида луѓе, кога се во прашање подвижниците. Едниот вид се оние кои се трудат да направат премногу прерано, брзо им се смачува од себе и после тоа прават малку или ништо. Другиот тип на луѓе од страв прават многу малку и повторно остануваат во истата состојба.Ч...

Image Description
2 years ago

За православното богослужение

Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика...